Достапни линкови

Во Црна Гора полесно до државјанство пред пописот на населението


Црногорски пасош
Црногорски пасош

Премиерот на Црна Гора Здравко Кривокапиќ најави предлог закон за државјанство, кој, како што рече, ќе биде полиберален од сегашниот. Тековниот закон забранува двојно државјанство освен во некои посебни ситуации. Текст на Предраг Томовиќ.

Тековниот Закон за црногорско државјанство беше донесен во февруари 2008 година, две години по независноста на Црна Гора.

Тој беше усвоен со гласовите на пратениците на тогашната владејачка коалиција предводена од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ.

Пратениците на мнозинството опозициски партии, кои денес се претежно во Демократскиот фронт, го оценија законот како „крут и дискриминирачки“, особено кон Србите во Црна Гора, кои според законот се спречени да имаат и српско државјанство покрај црногорското.

Во меѓувреме, на изборите на 30 август минатата година, владата се смени, така што тогашните критичари на законот сега имаат парламентарно мнозинство.

Поранешниот претседател на Уставниот суд, професорот по право, Благота Митриќ, за РСЕ изјави дека Владата не мора да носи нови прописи за да обезбеди стекнување црногорско државјанство, туку само да ги примени постојните.

„Многу граѓани кои немаат државјанство сега и живеат во Црна Гора долги години се претежно бегалци, и тие ги исполнија условите. Тие имаат живеалиште десет години или се во брак со црногорски државјанин пет години“, прокоментира Митриќ.

Што се однесува до практиката при примената на овој закон, Митриќ смета дека претходната влада на ДПС избегнувала давање државјанство токму заради правото на глас. „Сè беше направено заради правото на глас што секој би го добил како граѓанин на Црна Гора“, заклучува Митриќ.

До стекнување преку одрекување

Јелена дојде во Црна Гора од Мостар пред скоро три децении, на почетокот на војната во 90-тите години на минатиот век. На крајот на годината ќе може да добие државјанство.

„Дополнителен услов за тоа ќе биде да се одречам од државјанството на Босна и Херцеговина што, искрено, од сентиментални причини, не сакам да го сторам, па сè уште не знам како ќе го решам ова прашање кога мене ми е редот. Интересно, ако бев во брак со црногорски државјанин, немаше да се одречам од државјанството на БиХ“, вели Јелена.

ДПС негираше дека Ѓукановиќ ја напуштил Црна Гора

Кога првпат се пријавила, таа била одбиена затоа што имала пасош од БиХ. Законот за црногорско државјанство ја исклучува можноста за земање двојно државјанство, под закана за губење на црногорското државјанство. Двојното државјанство го стекнале само оние што го имале пред независноста на Црна Гора во 2006 година.

Јелена гледа некои други причини зошто луѓето како неа не добија државјанство дури и по неколку децении живот во Црна Гора. „Причината може да биде политичка. Не има толку многу што би можеле да одлучуваме за изборите. Сепак, ние живееме тука, работиме, учиме и плаќаме данок“, вели Јелена.

Некои се жалат дека поради немањето пасош не можат да патуваат надвор од Црна Гора.

Што може да биде основа на најавата на премиерот?

„Намерата на властите не е да го регулираат прашањето за граѓаните кои живеат подолго во Црна Гора, туку да дадат државјанство на некои луѓе од Србија, Косово или Република Српска со цел да се смени националниот баланс во Црна Гора во корист на српскиот кор“, вели за РСЕ адвокат Никола Мартиновиќ.

„Ова се прави пред пописот во Црна Гора со цел да се зголеми бројот на Србите. Во исто време, повеќето од нив би гласале за српските партии, така што тоа би значело дека Црногорците ќе станат малцинство во Црна Гора “, додава тој, нагласувајќи дека Законот за државјанство на Црна Гора е јасен за луѓето кои живеат во Црна Гора повеќе од 10 години.

Ѓукановиќ: Здравјето на граѓаните е во сериозна опасност

„Прашањето за државјанството треба да се реши за нив, без сомнение, затоа што е недопустливо за жена, на пример, да роди три деца и да нема црногорско државјанство, а таа живее во Црна Гора и има семејство“, вели Мартиновиќ.

Законот не е ист за сите

Проблемот како да се добие црногорско државјанство не им пречи само на оние кои дошле во Црна Гора од поранешните југословенски републики погодени од војната пред неколку децении и останале таму.

Тијана живее во Црна Гора со своите деца и нејзиниот сопруг, кој е странец веќе осум години. Децата се родени во странство и без оглед на тоа што нивната мајка е од Црна Гора, според сегашниот закон, тие немаат право на црногорско државјанство.

„Ми објаснија дека моите деца немаат право на црногорско државјанство затоа што тоа им го даваат на деца родени во странство од родители кои се Црногорци или на деца родени во Црна Гора, кога еден од родителите е Црногорец“, вели Тијана, додавајќи: „Сепак, познавам луѓе кои се странци и кои добија државјанство по неколку години живот тука и тоа е едноставно неверојатно“.

Пописот во Црна Гора најверојатно ќе се одржи на есен, а точниот датум ќе го Владата. Првично, пописот беше планиран за април, но нема да се одржи, бидејќи буџетот за 2021 година не е усвоен.

Бирото за статистика (Монстат), кое треба да го спроведе пописот, претходно објави дека сите планирани подготвителни активности во оваа фаза од нивна надлежност се завршени. Последниот попис беше во 2011 година.

Во Црна Гора живеат 63.746 странци, што е околу десет проценти од вкупното население. Од нив, на 30.930 им е даден статус на странци со постојан престој, бидејќи тие живеат со години во Црна Гора и се потенцијални добитници на државјанство, додека на 32.816 лица им е одобрен привремен престој во Црна Гора.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG