Достапни линкови

Во Русија, мајките и сопругите се борат да ги вратат војниците дома


Регрути на руската армија во регионалната собирна станица во Јегоршино пред да заминат на служба во руските вооружени сили во јуни.
Регрути на руската армија во регионалната собирна станица во Јегоршино пред да заминат на служба во руските вооружени сили во јуни.

Жените од сиромашните региони Бурјатија и Тива - кои имаат највисока стапка на смртност по глава на жител откако Русија ја нападна Украина - се обединуваат за да извршат притисок врз официјалните лица и војската да ги вратат своите војници дома. Роберт Коалсон

„Мојот брат беше испратен на 333 вежби“, рече една жена од јужносибирскиот регион Бурјатија за нејзин роднина кој служи во руската војска во Украина.

„Тој не се пријави за војна во друга земја. Тоа во основа беше измама. Дури во пресрет на инвазијата беа информирани дека ќе ја преминат границата“.

Жената, која побара да не биде идентификувана поради страв од последици за нејзините антивоени активности, е една од се поголемиот број мајки, сестри и партнерики на руски војници од сиромашните региони како Бурјатија и Тива, кои се здружуваат во акција за да ги вратат своите најблиски дома.

Родителите на руските регрути стравуваат дека синовите ќе бидат испратени во Украина

„Ми се јави од Белорусија [во пресрет на руската инвазија на Украина во февруари]“, продолжи жената. „Тој се пожали дека се плаши да одбие. Очигледно му се закануваа не само со трибунал, туку и со физички повреди“.

Користејќи затворени групи за дискусија на безбедната апликација за директни пораки Вибер, жените споделуваат информации и правни совети за тоа како нивните роднини кои служат во Украина можат законски да избегнат понатамошна борба.

оштетен руски тенк во градот Тростсијанец, околу 400 километри источно од главниот град Киев, 28 март 2022 година
оштетен руски тенк во градот Тростсијанец, околу 400 километри источно од главниот град Киев, 28 март 2022 година

Ајлана, мајка на војник од јужно-сибирскиот регион Тива, чие име е сменето за овој извештај, вели дека нејзиниот син имал слично искуство. Неговата единица била преместена во Белорусија на вежби во јануари и испратена во Украина на 24 февруари со наредба да го заземе Киев за два дена.

Тој можеше повторно да разговара со мајка си во средината на март, кога неговата единица беше извлечена од Украина за да се прегрупира. За време на тој разговор, нејзиниот син и кажал како неговата единица била измамена и колку од војниците барале начини да не бидат вратени назад.

Ајлана се консултирала со адвокати, но, во меѓувреме, нејзиниот син бил вратен на друга тура во Украина. Со недели Ајлана не слушнала ништо од својот син -- период кој го опиша како еден од најлошите во нејзиниот живот. Меѓутоа, во јуни нашла адвокат кој ѝ објаснил како војникот со договор може официјално да одбие борбена должност.

„Кога мојот син поднесе жалба велејќи дека не сака повеќе да се бори, тие почнаа да му се закануваат“, се сеќава Ајлана. „Му рекоа дека ќе се соочи со трибунал и ќе биде испратен во затвор на осум години. Тој ми се јави и ми рече: „Мамо, што да правам? Но, разговарав со адвокатите и му кажав дека тоа е само блеф“.

Подоцна, рече таа, нејзиниот син и уште 13 војници кои го презеле истиот чекор, биле засрамени пред нивната единица и етикетирани како „предавници“. Сепак, делумно поради советите на Ајлана, сите 14 го издржаа понижувањето и заканите и беа ослободени. Оттогаш тие се вратија во Тркто Тива.

Воен погреб во Бурјатија
Воен погреб во Бурјатија

Групата за права „Слободна Бурјатија“ на 11 јули објави дека околу 150 војници од тој регион успешно одбиле понатамошно распоредување во Украина и се вратиле дома. Шефот на „Слободна Бурјатија“ Александра Гармажапова, им честиташе на војниците, кажувајќи им и на другите да ги раскажуваат нивните искуства.

„На крајот на јуни, повеќе од десетина сопруги и мајки на војниците на Бурјат упатија видео-апел до гувернерот на Бурјатија, Алексеј Циденов, барајќи од него да ги врати дома нивните најблиски од Украина. „Тие учествуваат во „специјалната операција“ од 24 февруари. Тие се исцрпени морално и физички“, велат жените во видеото.

Активист од Тива, кој побара да биде идентификуван како Василиј, вели дека знае за уште најмалку 20 војници од регионот кои одбиле понатамошна борба, но не им било дозволено да се вратат дома. Тој и неговата сопруга се активно вклучени во Вибер и Инстаграм групите посветени на помагање на војниците да ги избегнат своите воени договори.

„Во последно време жените во овие групи разговараат за тоа како нивните мажи можат да одбијат да учествуваат во „специјалната операција“, изјави Василиј за РСЕ, користејќи го терминот за војната во Украина на кој инсистира Кремљ, додавајќи: „Очигледно, тие стануваат свесни за огромните загуби во војната."

Жените од Тива, исто така, почнаа да собираат пари за да купат храна и други залихи за нивните војници, откако добија информации за хроничен недостиг, вели Василиј. Тој додаде дека слушнал за случаи на локални жители кои собираат пари за да испратат радио предаватели на своите најблиски во Украина.

„Во контакт сме со 55-та моторизирана пешадиска бригада. Таму 29 мажи поднесоа одбивање да бидат испратени повторно во Украина. Тие сè уште не се ослободени од армијата, но се испратени да работат во погребен одред. Но, повеќето од нив се вратија во Тива. Ни кажаа дека од околу 100 мажи кои беа вратени назад на фронтот минатата недела, 10 беа убиени, а 20 повредени“, рече Василиј.

Тело на руски војник на улица на село Нова Басан во регионот Чернихив, 1 април 2022 година
Тело на руски војник на улица на село Нова Басан во регионот Чернихив, 1 април 2022 година

Од првите денови на руската инвазија, аналитичарите и активистите забележаа дека сиромашните, неетнички-руски региони како Тива и Бурјатија, вклучително и севернокавкаските региони како Северна Осетија и Дагестан, претрпеа непропорционални жртви по глава на жител во војната.

руските власти не објавија сеопфатни податоци за жртвите, РСЕ забележа 159 воени смртни случаи од Бурјатија. Повеќе од 100 се официјално признати во Тива. Според анализата на американскиот политиколог Адам Лентон во април, Северна Осетија, Бурјатија, Тива, Дагестан, Ингушетија и Чукотка се меѓу првите девет руски региони во однос на воени смртни случаи на 100.000 жители.

Зеленски: украинските сили решени да ги „скршат“ офанзивните способности на Москва

Младите мажи од таквите региони често ја гледаат воената служба како единствен спас од сиромаштијата. Просечниот приход во Тива е 10.000-15.000 рубли (170-260 $) месечно. Точниот број на руски војници убиени во Украина за повеќе од четири месеци од војната останува непознат. Украинските власти тврдат дека се убиени повеќе од 35.000 руски војници, додека руското Министерство за одбрана последен пат коментираше на оваа тема во март, велејќи дека 1.351 нејзин персонал загинал.

Ајлана рече дека кога нејзиниот син бил испратен дома, друг војник, исто така од Тива, го зазел неговото место. „Тој пристигна без никаква муниција за неговата пушка. Мојот син го погледнал шокирано и му рекол: „Каде мислиш дека си? Ова е војна“. Ајлана рече дека нејзиниот син на новиот војник му го дал шлемот, панцирниот елек и целата муниција што му останала.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG