Надреални сцени во главниот град на Авганистан, додека исламските екстремисти кои ја презедоа контролата врз Авганистан одржуваат состаноци за образованието на жените и патролираат по улиците на Кабул со американско оружје.
Во Кабул под Талибанците

1
Борец во сандали стои стража додека високиот талибански лик Абдул Хакани се обраќа на состанокот за мажи за образовните политики на Талибанците во салата Лоја Јирга во Кабул на 29 август.

2
Хакани (на говорницата) за време на состанокот објави дека иако на Авганистанките ќе им биде дозволено да студираат на универзитет, ќе има забрана за мешани часови под власт на Талибанците.

3
Жена покриена со бурка на улица во Кабул на 27 август.
Жена од Кабул, за РСЕ вели дека во авганистанската престолнина има неизвесност за тоа какво ќе биде владеењето на Талибанците. „Портпаролот на Талибанците вели дека тие се промениле и бла бла бла“, напиша жената. „Но, обичните Талибанци на улица се многу различни и груби, носат оружје“.

4
Талибански борци носат шлемови и оружје од американско производство на контролен пункт во Кабул на 29 август.