Бадминтон во Македонија - има таленти, нема сали
Од официјалниот влез на бадминтонот како спорт во Македонија, во 2003 година до денес, според пионерот Горан Тасевски, и деца и возрасни покажале интерес за рекреативен или професионален тренинг. Помеѓу нив, се истакнале и талентите кои собираат медали од меѓународни натпревари, иако не тренираат во услови како оние што ги имаат нивните врсници преку граница.