Достапни линкови

Зоолошката стара 100 години, но бавно се модернизира


Бели лавчиња во скопската Зоолошка градина
Бели лавчиња во скопската Зоолошка градина

Неговото “одделение“ се пингвините, птиците, морските лавови, а при срце му се слониците Дуња и Дејла. Војо Иванов им е учител, хранител и повеќе го сака нивното друштво. Разочаран е што државата не ја развива Зоолошката градина во Скопје, која постои речиси 100 години, а тоа доведе и да го изгуби кандидатскиот статус за Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми

Во овој поткаст Зошто разговараме со Војо Иванов, човекот кому тешко ќе му најдете име за професијата. Вели дека е од се по нешто, ама секогаш тука околу животните, активист за благосостојба на животните, едукатор, ама вели најчесто ме викаат – „оној со животните“.

Во Зоолошката градина секој од нас има своја фамилијa. Mојата се птиците, морски лавови, макако мајмуни, леопард. Дуња и Дејла, нашите слоници за кои се грижев три години, ми се при срце. Јас сум како негувател во градинка, како учител, а ова е моето оделение.

Зоолошката не е циркус
please wait

No media source currently available

0:00 0:22:54 0:00
Директен линк

Војо Иванов е раскажува дека повеќето животни во Зоолошката градина во Скопје не се родени во природа.

Моите пингвини, четири генарации по ред се родени во зоолошка Кога ги храниме и ќе ми падне рибата на земја, ме гледа како да ми вика - ова мислиш сега од земја да си го земам. Некогаш правиме импринти животни кои се не поистоветуваат со својот род, не следат нас.

Таква е и змијата Жане, за која вели дека не би преживеала во природа особено затоа што е албино.

Вели дека Зоолошката градина не треба да биде циркус, туку модерна зоолошка која ќе едуцира, која ќе ни ја враќа природата.

Зоолошката во Скопје е отворена во 1926 година, уште малку ќе славиме 100 години постоење. За жал ќе треба да претрпи многу промени за да биде модерна, за да ги мотивира децата да сакаат повеќе природа, да почитуваат повеќе животни. Со климатските промени забегуваме од природната патека и Зоолошката треба да биде потсетување на природата.

Зоолошка градина во Скопје
Зоолошка градина во Скопје

Разочаран е што е изгубено многу време. Цели 14 години скопската Зоолошка била во трка да стане дел од европското семејство на зоолошки, ЕАЗА. Минатата година го изгубила тој кандидатски статус и во моментов 5 години нема право на кандидатура. Тоа значи дека не може да се донесат нови животни, ниту нашите да се испратат некаде во Европа.

Тоа не лимитира, но веројатно начинот, луѓето и политиката за жал се уште многу лошо влијаат врз оваа институција.

Тоа што недостасува е животните да имаат квалитетен живот, да има простор, но нема ниту план за едукација, ниту програми за различни категории на деца и Иванов смета дека посетителот не излегува со порака.

Војо Иванов во поткастот „Зошто“ со Сања Васиќ
Војо Иванов во поткастот „Зошто“ со Сања Васиќ

Битката што тој лично ја води е против алчноста и конзумеризмот затоа што смета дека се најголеми непријатели на природата. Затоа се залага да се јаде локална храна, или како што вели , „не мора банани и чиа секој ден“. Сите тие работи кога секој од нас би ги променил на дневна основа многу работи во светот ќе се променат, тврди Војо Иванов.

Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на нашиот сајт Слободна Европа, како и на Спотифај , Јутјуб и Ејпл. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи преку социјалните мрежи кои теми кои сакате да ги слушате

  • 16x9 Image

    Сања Васиќ

    Новинарската кариера ја почнува во весникот „Нова Македонија“ во 1991, а потоа продолжува во телевизија Телма како уредник  и водител во информативната програма каде минува најголем дел од кариерата. Работела и во македонската редакција на Гласот на Америка во Вашингтон, била локален дописник на странски новински агенции, како и предавач и обучувач на медиумски проекти. Во Радио Слободна Европа е од јули 2022.

XS
SM
MD
LG