Достапни линкови

Времињата и младите тешко се споредуваат


„Неспоредливо е, многу е поинаков односот кон излегувањето, начинот на комуникацијата, начинот на забавата. Сега седат еден до друг на еден метар и комуницираат со телефон. Нема интеракција како порано. Денеска не знаат што е тоа да поканиш девојка на танго“.

Господинот Зоран Блажевски можеби многумина нема да го препознаат, но ако го именуваме како Зоки Џубокс би требало луѓето од Гевгелија до Табановце да знаат за кој човек станува збор. За него велат дека е една од скопските урбани легенди затоа што од 1984 та си ги поставил темелите на урбано угостителство во Скопје. Од Рандеву во чаршија, па преку МЦМ и до Џубокс.

„Кај Зоки малиот во Џубокс секој ден е парадокс“.

Другар ти Владо Јаневски те спомна во песна онака носталгично. Зоки има ли уште парадокси во Скопје – може ли да повлечеш паралела за ноќниот живот пред 20 – 30 - 40 години и сега, односно последниве 20-30 години?

„Неспоредливо е, многу е поинаков односот кон излегувањето, начинот на комуникацијата, начинот на забавата. Сега се забавуваат со мобилните телефони. Седат еден до друг на еден метар и комуницираат со телефон. Нема интеракција како порано. Денеска не знаат што е тоа да поканиш девојка на танго“.

Парадоксите - некогаш и сега
please wait

No media source currently available

0:00 0:20:33 0:00
Директен линк

Други времиња, поинакви односи.

Со Зоран Блажевски, алијас Зоки Рандеву, Зоки МЦМ, Зоки Џубокс или Зоки малиот, разговараме не само за култните места каде што илјадници поминале од разни генерации туку и за разликите меѓу младите некогаш и сега..

За денешниот начин на живот и забава вели дека е последица не само на алкохолот, кој се консумирал од секогаш но порано поради забава, а сега заедно со дрогата се причини за зголемената агресија кај младите, за тепачките, кражбите и тоа е нешто на што државата и полицијата треба да обрнат многу поголемо влијание.

„Дрогата ги тера младите на агресија и не знам како тоа ќе се спречи. Полицијата мора да е поприсутна. Сега ги има повеќе, но не доволно“.

Поткаст „Зошто“ со Зоран Ќука и гостинот Зоран Блажевски (Зоки Џубокс)
Поткаст „Зошто“ со Зоран Ќука и гостинот Зоран Блажевски (Зоки Џубокс)

Со Зоки Џубокс разговаравме и за угостителството за односот на државата кон него, како и за тоа што него го правеше различен од другите и ако не знаевте посебно и за Зоки Поки, ликот со кој растевме а тогаш не знаевме дека авторката на книгата Оливера Николова ја напишала инспирирана токму од неговото детство. Зоки Поки е лектира во основното образование а Зоки малиот е веќе во пензија, пардон, ви мирување како што самиот сака да каже.

Слушајте не, следете те го Поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи. Поздрав од Дејан Балаловски И Зоран Ќука.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG