Волче – село на тројца жители и петмина гласачи
На стотина километри од Скопје, во Порече се наоѓа Волче. Македонско село кое пред половина век било дом на речиси 300 жители. Денес е на работ на заборав. Во Волче, за претстојните избори, според лична карта, регистрирани се само петмина гласачи – сите мажи. Село Волче е на работ да им се приклучи на 205-те напуштени населени места во државата, според пописот од 2021.