Видео од руски ракетен напад, снимено од екипата на РСЕ
Екипа на РСЕ снимаше десетина километри од линијата на фронтот во украинската област Доњецк, кога ненадејно одекнаа експлозии. Новинарите Јевхенија Китаива и Ана Кудријавцева не беа повредени и се обидоа да им пружат прва помош на ранетите украински војници. Неколку месеци по инцидентот, новинарите се вратија на сировиот видео материјал, снимен во хаосот за да ја раскажат приказната за тоа што се случило тој ден. Точното време и локација на инцидентот не може да се открие поради ограничувањата наметнати од украинската армија. Известува Јевхенија Китаива.