Урбанизација на Скопје во последните 20 години - Многу згради, тесни улици, малку паркинзи и зеленило
Главниот град Скопје во изминативе две децении доживеа забрзана урбанизација. Никнаа стотици згради во населбите каде доминираа куќи и бараки, врз паркови и игралишта. Последиците се згуснат сообраќај, недостиг на паркинзи, помалку пешачки патеки и зеленило, а повеќе загадување. Архитетките велат дека со сегашната густина и височина на изграденост, нарушена е безбедноста во градот, меѓу другото, и од аспект на пристапност на интервентни возила како пожарна и брза помош.
Порано

Сега

1
Населбата Хром е дел од Општина Карпош, каде во последниве години беа израдени многу згради, а граѓаните реагираа дека во Деталните урбанистички планови се предвидуваат уште повеќе. Во 2023 година во Општина Карпош имало скоро 10.000 станови повеќе споредено со 2003 година, според официјалните статистички податоци.
Порано

Сега

2
Влае е населба во Општина Ѓорче Петров која доживува бетонизација, а граѓаните поднесуваа проговори против урбанистичките планови. На државно земјиште се планираа објекти од различен карактер, наместо како што бараа граѓаните паркови и јавен простор. Според Пописот во 2022 година, во Општина Ѓорче Петров имало 11.886 домаќинства, а во 2023 година бројката се зголемила на 15.524 домаќинства.
Порано

Сега

3
Населбата Дебар Маало е дел од Општина Центар и е првата населба во Скопје која беше на удар на урбанизацијата. Во моментов на прсти се бројат старите куќи кои и ги демнат инвеститорите. Иницијативите како „Шанса за Центар“ постојано реагираа дека јавниот интерес целосно се игнорира во населбата за сметка на приватните интереси на градежни фирми и поединци со влијание. Во 2003 година во Центар имало 18.848 станови, а бројката во 2023 бројката е зголемена на 27.065 станови.
Порано

Сега

4
Населба Аеродром беше претпознатлива по големите паркови и населба која според дел експерти важеше како една од најдобро пректираните во Скопје. Но, на местата на јавните површини и зеленилото никнаа десетици згради. Сега во Општина Аеродром има 35.337 станови, што е скоро за 12 илајди повеќе споредено во 2003 година.