Сопругот на новинарката на РСЕ, уапсена во Русија, бара нејзино ослободување
Сопругот на американската новинарка Алсу Курмашева, која е приведена во Русија, го даде своето прво интервју за нејзината ситуација. Курмашева работи за Татар-башкирската редакција на РСЕ, додека нејзиниот сопруг, Павел Буторин, е шеф на Current Time, ТВ и дигитална мрежа на руски јазик, предводена од РСЕ во партнерство со Гласот на Америка. Притворот на Курмашева, на 18 октомври, беше осуден од Вашингтон и меѓународните групи за човекови права. Со Буторин, разговараше Реј Фурлонг од РСЕ.