Солзи, цвеќе и свеќи за Вања пред училиштето „Ј.Х.Песталоци“
Редица граѓани од изутрината чекаа да се потпишат во Книгата на жалост отворена за Вања во нејзиното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“. Таа беше киднапирана и убиена заради изнуда на пари, како што соопшти МВР. По седумдневна потрага нејзиното тело беше пронајдено на 3 декември. Се трага по убиецот кој е во бегство. Граѓаните се во шок, изразуваат сочувство и бараат правда.