Достапни линкови

Правда за жртвите и оставки побараа демонстрантите на вториот протест за скандалот на Онкологија


Неколку стотици граѓани и вечерва се собраа на протест барајќи правда за жртвите на Клиниката за онкологија. Ове беше втор протест по наводите дека скапите лекови против рак наменети за пациенти завршиле на црниот пазар, а пациентите наместо терапија добивале физиолошки раствори. Ова беше втор протест во една недела, кој започна пред Владата во Скопје, а заврши пред Јавното обвинителство каде одекнуваа скандирања „нема правда, нема мир“ и „одиме до крај“. Демонстрантите повикаа на брза акција од обвинителите и побараа истраги за потенцијална вмешаност на високи функционери и проширена истрага на Клиниката за онкологија. Тие повторно дадоа ултиматум од една недела Обвинителството да го расветли случајот, во спротивно дека протестите ќе станат масовни и почести.

Категории

XS
SM
MD
LG