Достапни линкови

Сите се еднакви, ама некои се поеднакви


Живееме во општество со тешки  предрасуди која води кон дискриминација и стигматизација. Колку е веројатно на следните избори граѓаните да изберат личност со попреченост на висока функција. Во овој поткаст Зошто разговараме со Елена Кочоска, активист и експерт за човекови права и попреченост.

Не чека изборна година, претседателски и парламентарни избори. Досега во ниту еден парламент немало пратеник со попреченост, ниту министер, ниту друг висок функционер. Партиите навидум покажуваат интерес. Никогаш не велат не.

Заедницата без попреченост има многу висока перцепција за тоа дали треба и дали би прифатиле да имаат политичар со попреченост. Истражувањата на терен покажуваат дека има расположение за маж со физичка попреченост, дури и ако е во количка, но тоа расположение целосно се намалува ако станува збор за жена со физичка попреченост.

Но најпрво овие граѓани треба да стигнат до гласачкото место, најчесто во училиштата кои се непристапни ниту за настава за децата со попреченост, ниту пак за гласање. А потоа и да биде некој од нив на кандидатска листа.

Кликнете на Зошто на Радио Слободна Европа и слушнете како Елена Кочоска размислува дека може да се надминати препреките и физичките со кои таа и многу други секојдневно се случуваат, но и препреките што ги создава дискриминацијата, стравот заради незнаење, сегрегацијата...

Невидливи за државата
please wait

No media source currently available

0:00 0:19:09 0:00
Директен линк

Како е да се живее тука со попреченост Елена вели дека сите сме почувствувале за време на Ковидот, затворени дома во изолација. Но се уверија и како не функционира здравствениот систем.

Ние живееме со секојдневен притвор, доброволен, наметнат од општеството, од државата.

Елена Кочоска, активист и Сања Васиќ во поткастот Зошто
Елена Кочоска, активист и Сања Васиќ во поткастот Зошто

Дискриминацијата кон лицата со попреченост е трета на листата по политичката и етничката дискриминација.

Тимјаник: од протест и навреди до соживот и хуманост за децата со попреченост
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:04 0:00

Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл подкаст. Само кликнете на Зошто, а на нашите социјалните мрежи давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате.

  • 16x9 Image

    Сања Васиќ

    Новинарската кариера ја почнува во весникот „Нова Македонија“ во 1991, а потоа продолжува во телевизија Телма како уредник  и водител во информативната програма каде минува најголем дел од кариерата. Работела и во македонската редакција на Гласот на Америка во Вашингтон, била локален дописник на странски новински агенции, како и предавач и обучувач на медиумски проекти. Во Радио Слободна Европа е од јули 2022.

XS
SM
MD
LG