Достапни линкови

Што Ве изнервира во последно време?


Гневот и непристојниот вокабулар во комуникацијата на политичките и општествените чинители во државата одамна е доминантен на социјалните мрежи? Зошто? Од кај потекнува? Што е тоа што ве нервира најмногу? Што може да се направи за да се започне вистински дијалог меѓу заинтересираните страни а не вербално плукање на неистомислениците. За ова разговараме со Жанета Трајковска директор на Институт за комуникациски студии.

„Од портири до советници преку ноќ во МНАВ? Ма НЕМОГУЌЕ!

Од хигиеничарки до медицински сестри преку ноќ? Ма нема шанси!

Од шофери до шефови преку ноќ? Ма јок!

Од магационери до директори преку ноќ? Ма теорија нема!

Од хаузмајстори до советници на министри преку ноќ? Кај нас? Ма кој ве лаже? Држава е ова не е зафрканција“!

Ова е пост на Калина Коси позната Фејсбук личност со голем број следбеници, кој на ироничен начин, веројатно ја рефлектира разочараноста на граѓаните во земјата од состојбите кои траат неверојатно долго и кои според комуниколозите се продлабочуваат.

Од каде таква нервоза и бес на интернет просторот? Кривичниот законик, законот за амнестија, државните набавки, тендери, разноразни сомнежи за криминал , не функционирање на системот се главните причини за кои граѓанството се нервира во последно време, а многу помалку за (не) функционирањето на системот Соговорник ни е Жанета Трајковска од Институт за комуникациски студии и Висока школа за новинарство и за односи со јавноста.

РСЕ студио - Зоран Ќука, новинар и Жанета Трајковска, Институт за комуникацски студии
РСЕ студио - Зоран Ќука, новинар и Жанета Трајковска, Институт за комуникацски студии

Жанета и твојата лутина често е присутна на социјалните мрежи. Еве да почнам од еден твој пост.

Вака си напишалa “Наслов на денот и на нашето секојдневие“.

„Премиерот Димитар Ковачевски, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, пратениците Дарко Каевски и Моника Зајкова и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска промовираа молерисани занимални во градинка во Скопје. Сите одржаа прес-конференција на која соопштија што е сработено во градинката.“

Што тука те изнервира?

Па добро, може да се согласиме дека ова беше вест од настанот каде на еден начин се става под знак прашање зошто голем дел од државниот врв отишле во градинка да се сликаат за ваква секојдневна работа. Треба сите да не изнервира бидејќи ние сите овие политичари и пратеници носители на јавни функции ги плаќаме а тие потрошиле веројатно пола работен ден за да отидат во градинката во општина Центар и да сликаат за да кажат колку многу работат. Ако е ова нивото на кое што тие работат, тогаш тешко на Македонија.

Некако се изгубија оние комуникациски вредности на почитување на јавноста, на оние на кои им се обраќаме, на соговорниците. На што се должи генерално гневот кој се истура по социјалните мрежи?

Па од една страна мислам дека тоа непочитувањето или губењето на нивото на комуникација пред се е вина на носителите на јавни функции на сите ние кои на некој начин учествуваме во јавниот простор и креираме јавно мислење и ние денеска тука но пред се тие кои се носители на јавни функции. Најголем дел од нив се однесуваат кон граѓаните и јавноста се однесуваат со потценување на начин дека едноставно се може да помине денеска.

Целиот разговор со Жанета Трајковска во Подкастот Зошто?

Што Те нервира
please wait

No media source currently available

0:00 0:18:07 0:00
Директен линк

Голем дел од јавноста беше „изнервирана“ недостигот на правда што неодамна го препознаа во измените на кривичниот законик со кој се намалија казните за злоупотребите на функционерите? ЕУ излезе со критики. Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар во интервју за РСЕ рече дека Северна Македонија треба да се погрижи нејзините закони не само да се во согласност со Уставот, туку и со европските очекувања. За сето ова со Жанета Трајковска од Институтот за комуникациски студии разговаравме и за тоа како да се смени состојбата, да се намали омразата и да започне вистински дијалог меѓу заинтересираните страни?

Премиерски маркетинг
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:30 0:00

Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл подкаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG