Семејство од Чешка кое живее во Скопје - „Уживаме тука, иако има и нешто што ни пречи“
Семејството Вит веќе 4 години живее на скопска адреса, наместо во Брно, Чешка. Дошле поради работа, но нашле повеќе причини за да останат. Меѓу сето она што им е убаво во македонското секојдневие има и нешто кое не им се допаѓа. Сепак, велат, тие во Скопје имаат среќен и интересен живот.