Достапни линкови

Агелер: Нема одново преговори ниту за Преспа, ни со Бугарија за ЕУ


Агелер: Граѓаните сакаат да видат промени
please wait

No media source currently available

0:00 0:18:43 0:00

Агелер: Граѓаните сакаат да видат промени

Тие договори се веќе направени, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ, вели американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за Радио Слободна Европа. Од новата Влада граѓаните треба да бараат транспарентност и справување со корупцијата. Агелер вели и дека секогаш постои ризик од влез на корозивен капитал и власта треба да одговори на сите прашања

Новата Влада веќе една недела како ја презеде власта, што треба да очекуваат македонските граѓани, кои треба да бидат приоритетите ?

Демократијата е многу кревка работа, и ја следевме земјата во периодот на кампањата и на изборите кои беа предизвик и за граѓаните и за кандидатите во оваа земја. Резултатите, меѓутоа, беа многу дефинитивни. Изборите беа фер и демократски, сеедно која партија и кого граѓаните подржаа. Да се види овој демократски процес како напредува е позитивно за луѓето во оваа земја. Тие многу јасно кажаа на раководствотo дека сакаат да видат промена. Новата Влада јасно кажа за време на нивната кампањата кои сметаат дека се тие потребни промени. И сега е одговорност, мислам, на секој граѓанин во оваа земја и на сите нас да ги држиме за збор, се види дали се совпаѓаат активностите со изјавите дадени за време на кампањата. Зборуваа за справување со корупцијата, зборуваа за раст на економија, зборуваа за енергија и инфраструктура, за важноста на образованието и здравството за секој граѓанин на оваа земја. И ќе следиме внимателно, знам дека и сите вие ќе следите како овие ветувања ќе се претворат во акции и резултати за граѓаните на Северна Македонија.

Но, во фокусот деновиве е на употребата на уставното име Северна Македонија од страна на новата влада. Премиерот Мицкоски и сите министри го употребија за време на полагањето заклетва. Но Мицкоски беше јасен дека ќе го користи само во официјална комуникација, а не во државата. Дали ова е во согласност со договорот од Преспа?

Да бидам многу јасна, Договорот од Преспа беше апсолутно историски за државата. Знам дека беше исклучително тешко за многу луѓе во државата да прифатат промена на името. Но тоа беше меѓународен договор, со кој тогашната влада и многу во меѓународната заедница се согласија. Ние секако бевме дел од тој процес и ние аплаудиравме. Тоа е нешто што и помогна на Северна Македонија, сега да влезе во НАТО, и доби многу можности за да напредува во Европската Унија. Бевме многу задоволни што новиот премиер и неговите министри кажаа “Северна“ во заклетвата.Тоа е од клучна важност и е фундаментален дел од Договорот. Сега многу внимателно ќе следиме како се почитува. Но како што веќе кажав и кажавме дека со почитување на Договорот од Преспа, што е клучно, и секако има начин, и приоритетот за нас во Скопје, во Американската амбасада и за Вашингтон, е да се премине на многу од тие многу важни приоритети за кои треба да се зборува оваа земја. Чувствувам дека има одредено количество на одвлекување на вниманието и собирање поени од тоа кој и што и кога кажал. Но важно е да се почитуваат меѓународните договори, за кои премиерот кажа дека ќе го стори и да одиме напред и да ги имаме многу важните разговори.

На пример, во Вашингтон ДЦ, идниот месец, за само неколку недели тој и неколку негови клучни министри ќе одат на самитот на НАТО на 75-та годишнина на НАТО. Северна Македонија е прекрасен, силен сојузник во НАТО, и сакаме разговорот во Вашингтон да биде за Украина, да биде за ширење, развивање и засилувањето на оваа НАТО алијанса која ја имаме, која е многу критична за мирот во Европа, и за треба да се разговара.

Реакциите од Грција продолжуваат, исто и од Бугарија. Властите во Бугарија изјавија дека се против нови преговори со Северна Македонија, откако Мицкоски изрази подготвеност пак да преговара, но и изјави дека никогаш нема да гласа за уставни измени. Дали САД поттикнуваат нов дијалог меѓу Бугарија и Северна Македонија?

Тие Договори се направени. Нема одново преговарање на Преспа, нема одново преговарање за напредок кон ЕУ. Тоа е многу јасно. Има разлика, како што знаеме во мојот земја, меѓу тоа што се кажало во кампањите, што се кажало низ години, а што сега за да се оди напред. И силно се надеваме дека е направен прогрес, дека тие стари употреби или терминологии може да се остават на страна, и дека соседите, сеедно кој, почнувајќи од Северна Македонија ќе може да имаат важни разговори од кои сите инволвирани ќе имаат корист. Се надеваме дека тоа ќе го видиме.

Новата влада ја потврди својата поддршка за Украина, но во исто време има вицепремиер, Стоилковиќ, кој е многу близок со Москва. Дали има загриженост за тоа?

Веќе кажав, јас не го познавам, не го знам новиот вицепремиер и не знам до која мера се менува неговата позиција во однос на претходникот. Но можам да ви кажам дека почнав формални средби со новата влада. Вчера се сретнав со Премиерот и со министерот за одбрана и имав одлични разговори со двајцата и за Украина. И се чувствував удобно со гаранциите што двајцата ми ги дадоа за продолжување на поддршката за Украина преку НАТО. И силната посветеност да се продолжи со одвојување на клучните 2% на БДП на оваа земја што многу други НАТО сојузници не го достигнале. Сега, сум многу уверена дека кога ќе дојдат во Вашингтон Д.Ц. во следните недели, знам дека ќе ја повторат на нашето лидерство во Вашингтон. И знам дека улогата на оваа земја во НАТО се почитува и поддршката за Украина е многу важна за нас. Знаете дека оваа земја беше четврта по жител по своите донации за Украина. Тоа е значајна работа за оваа мала земја кога многу поголеми држави не се ни блиску до тоа.

Новата влада тврди дека ќе се бори против корупција. Но на првиот проект за чиста енергија, недостасуваа детали и транспарентност, што се случува со години. Како ќе се борат со корупција а не се транспарентни?

Бев таму, на презентацијата. На оваа земја, Северна Македонија, очајно и требаат опции за чиста енергија. Како изгледа тој договор, не знам. Оваа влада е на власт само четврти ден, ако сум во право, и колку што знам тоа се тековни разговори со оваа компанија неколку години. А за транспарентност тие ги убедуваа граѓаните на оваа земја дека претстои. Мислам дека уште не е финализирано, за да се праша за деталите, мислам дека е малку рано. Но апсолутно сте во право. Тие ветија дека директно ќе се соочат со корупцијата и многу сакаме да видиме во кои рамки, со какви активности. Затоа што тоа е голем приоритет за нас, тоа е огромен предизвик за оваа земја. Таа (корупцијата) е епидемија, и мислам дека таа е канцер во оваа земја која мора да се реши. САД и оваа амбасада ќе продолжат силно да работат да поддржат секоја програма која ќе го реши тоа. И тоа почнува од локалната власт, до највисоката власт, и ќе бидеме таму за да поддржиме секоја програма кој ќе однесува корупцијата во смислен начин.

Има ли ризик за потенцијален влез на корозивен капитал? Опозицијата веќе кажа и се сомневаат во кредитот од милијарда евра од Унгарија со многу ниска камата што се најавува.

Секогаш има ризик, и тоа е, улогата на новинарството, на новинарите тоа да го проверат и да бараат транспарентност. Но тоа е и улога и на граѓаните да бараат транспарентност. Ќе сакаме да дознаеме од каде доаѓа ова финансирање. Не е доволно да се бара од владата да ја реши корупцијата, граѓаните треба да бидат дел од тоа, и да бараат одговори. Владата кажа јавно и нас не убедуваше приватно, тука во амбасадата, дека ќе бидат отворени за овој вид прашања и ги држиме за збор и ги очекуваме тие разговори да разбереме повеќе за овие работи.

Нема истрага ниту акција против македонските граѓани на списокот со санкции на САД. Еден од нив, градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, за малку ќе добиеше дозвола за отворање Медицински факултет. Дали сте разочарани?

Знаете, ние според законот како американски амбасади во светот кога имаме докази за корупција тоа оди во Вашингтон, внимателно се разгледува и кога сме сигурни дека доказите се апсолутно сигурни тогаш се објавуваат овие санкции. Ова се случува и во други земји и да, разочарувачки е. Има многу инстанци според кои САД некого става на листа, и земјата од која таа личност потекнува тоа не го прави. Ние не го спроведуваме законот во оваа земја, ние не сме дел од судството, тоа е работа на властите тука. На истражителите, на оние кои го спроведуваат законот, на судството.

Има многу докази во оваа земја, зашто секој пат кога САД назначува некого, со секого што сум зборувала , и сигурно тоа важи и за вас, велите не е изненадување, секако го знаеме тоа. Не е изненадување дека овие личности се корумпирани, прашање е што ќе направат институциите за тоа, и чекаме да видиме.

Сите чекаме и реформи во судството. Распуштањето на Судскиот совет е една од најавените опции. Дали мислите дека ова е вистинскиот потег?

Знам дека реформирањето на Судскиот совет е нешто што е вклучено во извештајот на ЕУ и нешто што секако се дискутира. Искрено, не знам. Мислам дека е интересна идеја. Мислам дека идејата да се отстрани политизацијата во пополнувањето на овие совети е многу важна но како тоа би се случило е нешто што ние, како и вие ,чекаме да видиме. Што е конкретниот предлог за пополнување на овие позиции мислам дека она што е од помош што веќе има патоказ од ЕУ во извештајот. Има солидни предлози за оние кои доаѓаат од ЕУ да го видат Судскиот совет и другите судски институции и дадат препораки како тоа да се спроведе според ЕУ стандардите. Во крајна линија има патоказ и сега чекаме да го видиме планот и како ќе се спроведе. Но дали оваа земја и сите ние за бенефит на судскиот систем тука треба да се отстрани политиката од судството и одговорот многу јасен – да.

  • 16x9 Image

    Сања Васиќ

    Новинарската кариера ја почнува во весникот „Нова Македонија“ во 1991, а потоа продолжува во телевизија Телма како уредник  и водител во информативната програма каде минува најголем дел од кариерата. Работела и во македонската редакција на Гласот на Америка во Вашингтон, била локален дописник на странски новински агенции, како и предавач и обучувач на медиумски проекти. Во Радио Слободна Европа е од јули 2022.

XS
SM
MD
LG