Руски учител снимал про-воена пропаганда во училиште, па направи документарен филм
На барање на руското Министерство за образование, учителот Павел Таланкин снимал про-воена пропаганда во основно училиште во градот Карабаш. Но, претставниците на министерството не знаеле дека тој ќе ги претвори своите видеа во документарен филм за руската кампања за „патриотско образование“. Таланкин зборуваше за Current Time за филмот, Mr. Nobody Against Putin, кратко по неговата премиера на филмскиот фестивал Санденс во САД.