Достапни линкови

Руски напади со дронови врз Одеса, продолжуваат борбите на југот и истокот на Украина


Fire in a supermarket amid Russia's attack on Ukraine, in Odesa
Fire in a supermarket amid Russia's attack on Ukraine, in Odesa

Русија го таргетираше главното украинско црноморско пристаниште Одеса со нов бран напади со беспилотни летала и ракети, соопштија украинската противвоздушна одбрана и регионален гувернер изутринава. Истовремено се јавува дека продолжиле борбите на источниот и јужниот фронт.

Украинската воздушна одбрана извести дека Русија нападнала со 15 беспилотни летала Шахед од иранско производство и осум ракети Калибр. Сите се соборени, соопшти противвоздушната одбрана.

Иако нападот на Одеса беше одбиен, три лица беа ранети во урнатините, изјави регионалниот гувернер Олех Кипер на 14 август.

По седум месеци заробеништво, украински лекар се врати на работа
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:18 0:00

„На луѓето им беше укажана потребната медицинска помош... неколку пожари избувнаа од проектили кои паѓаа. Прозорците на некои згради беа скршени од ударниот бран од експлозиите“, додаде Кипер.

Украинскиот Генералштаб на 14 август извести дека во текот на претходниот ден се случиле 33 судири, со жестоки борби во секторот Купјанск во источниот регион Харков.

Во Доњецк, руските сили се обидоа да ја вратат изгубената територија во областа Бахмут, но беа одбиени, соопшти Генералштабот во дневниот извештај, додавајќи дека украинската воздушна одбрана урнала руски јуришен хеликоптер над Бахмут.

На југ, руските сили направија „неуспешни обиди“ да извршат контранапад во Запорожје, соопшти руската војска, еден ден откако објави дека украинските трупи постигнале „делумен успех“ околу Роботин.

XS
SM
MD
LG