Достапни линкови

Руските училишта маршираат кон милитаризација


Новата програма, која ќе започне во септември во руските училишта се очекува да поттикне „доверба и подготвеност да се служи и да се брани татковината“.
Новата програма, која ќе започне во септември во руските училишта се очекува да поттикне „доверба и подготвеност да се служи и да се брани татковината“.

Додека војната на Русија против Украина продолжува да беснее, децата ширум Русија може да очекуваат значителни промени во училишната програма од септември, со наставни програми кои имаат милитаристички тенденции, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ) на англиски јазик.

На дебатата во Долниот дом на парламентот на крајот на минатиот месец, пратеникот на Државната дума Андреј Картаполов се пожали на, како што рече, неподготвеноста на младите волонтери и регрути кои започнуваат воена служба.

„Инфантилните млади мажи на многу начини се неподготвени за реалниот живот, рече Картаполов од партијата „Единствена Русија“ контролирана од Кремљ, а која претседава со Комитетот за одбрана.

А лекот за тоа е…

Во текот на следните две години, руските училишта ќе го решат овој наводен проблем со укинување на долгогодишната програма наречена „Основи на безбеден живот“ и заменувајќи ја со час со работен наслов „Основи на безбедноста и одбраната на татковината“.

Тоа е последното во серијата интензивирање на „патриотското образование“ во Русија, кое го води Владимир Путин како претседател или премиер повеќе од две децении. Многу критичари на овој пристап кон училишната програма велат дека тој им дава приоритет на владините цели, пред интересите на децата.

Основна обука

Почнувајќи од септември, учениците во 10-то одделение ќе ги учат „елементите на основната воена готовност“. Покрај вежбите и инструкциите за основните воени вештини, ќе има и предавања за „перспективите за кариера во воената служба“, што може да се види во учебниците и прирачниците за наставници кои официјално се објавени на интернет.

Во 11-то одделение оваа настава ќе опфати „формирање на рускиот граѓански идентитет, патриотизам и чувство на одговорност кон татковината“, како и развивање на „верба и подготвеност за служење и одбрана на татковината и чувство на одговорност за нејзината судбина“.

Меѓу другите теми што ќе бидат опфатени на предавањата се „опасноста од учество во незаконски и антисоцијални активности“ и „користење на младоста како средство за дестабилизација“.

Студентите ќе бидат предупредени и за, како што се наведува во документите, опасноста од „лажењето како елемент на информациската војна“.

Наставниците ќе им кажат на учениците дека „незаконски е да се прекршат нормите за дистрибуција на информации за улогата на СССР за време на Втората светска војна или да се вршат јавни дејствија насочени кон дискредитација на вооружените сили на Руската Федерација“.

По почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, владата набрзина донесе серија закони со кои се криминализира свесното дистрибуирање на „лажни информации“ за руските воени операции и „дискредитирање“ на руските вооружени сили. Во февруари, 18-годишниот Максим Липкан беше осуден на два месеци затвор поради повторување антивоени изјави и дејствија, што го прави најмладиот Русин осуден според новите закони.

Српски тинејџери на обука во руски воен камп
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00

Два вида рачни гранати

Новите предавања го заменуваат курсот „Основи на безбеден живот“, кој беше воведен во 1980-тите по серија несреќи, особено катастрофата во нуклеарната централа во Чернобил во 1986 година. Подоцна, курсот, кој има 68 лекции во една учебна година, беше изменет за да ги вклучи опасностите од нови закани како што се тероризмот и сајбер криминалот.

Во сегашната верзија, има предавања за намалување на ризикот од терористички напади, како да се биде безбеден во гужви и основите на онлајн безбедноста. Вклучува и предавање за „симболите и традициите“ на руската војска.

Новиот курс ќе вклучува и основна прва помош, додека другите теми ќе бидат заменети со „основна воена подготвеност“, вклучувајќи одржување и ракување со автоматска пушка „Калашников“, како и лекција за два вида рачни бомби. Програмата е слична на основната воена обука во училиштата за време на советскиот период, која беше укината во 1993 година.

Страница од новиот учебник по основно воено образование
Страница од новиот учебник по основно воено образование

Министерот за образование Сергеј Кравцов во изјава за државната новинска агенција ТАСС минатиот месец рече дека промените ќе бидат воведени „постепено“.

Кравцов во јануари рече дека новите предавања би можеле да ги одржат ветераните на „специјалните воени операции“ во Украина, користејќи го еуфемизмот на Кремљ за војна за агресија.

„Поранешните војници ќе поминат тримесечна педагошка обука пред да бидат испратени во училници“, рече тој.

Напред марш!

Програмата „Основи на домашната безбедност и одбрана“ е најновата во низата слични иницијативи во руските училишта во времето на Путин. Од 2014 година, Министерството за образование препорача училиштата да организираат петдневни воени кампови за сите момчиња од 10-то одделение и девојчињата, на доброволна основа во блиската воена база, доколку е можно.

Целта на камповите е „формирање на морални, психолошки и физички квалитети неопходни за служба во вооружените сили“. Студентите учат како да копаат ровови, да маршираат во формација, да пукаат, да фрлаат бомби, да се движат на бојното поле и да решаваат повреди на бојното поле.

Идејата за вакви кампови првично беше заеднички предложена од министерствата за одбрана и образование во 2010 година. Во февруари, кога војната во Украина влезе во втората година без знаци за брзо решавање, родителите на децата во многу училишта беа информирани дека учеството во камповите беа задолжителни.

Откако многу училишта се пожалија дека нема достапни воени бази во нивна близина, министерствата за одбрана и образование предложија, почнувајќи од септември, камповите да бидат управувани од „Авангард“, воено-патриотски образовен центар за обука на млади, финансиран од Министерството за одбрана.

Авангард одржува голем модерен центар во близина на Москва, каде воените ветерани, вклучително и многумина кои дојдоа од војната во Украина, работат како инструктори. Организира и петдневни кампови слични на оние предвидени за училиштата, но на комерцијална основа.

Тој отвори слични објекти во регионот Перм, регионот Чувашија, од каде што е министерот за одбрана Сергеј Шојгу, како и еден во близина на Санкт Петербург. Регионалната влада на регионот Челјабинск на планините Урал издвои повеќе од седум милиони долари за две години за изградба на центарот за обука „Авангард“.

Србија го затвори „патриотскиот воен камп за млади“
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

„Не е страшно да се умре за татковината“

Минатата година руските училишта воведоа неделни предавања за ученици од сите нивоа наречени „Важни разговори“.

Програмата, која Путин ја започна за време на посетата на училиште во Калининград, е дизајнирана да всади патриотизам и да им ја претстави на учениците верзијата на Кремљ за настаните во Украина и други политички прашања. Децата од пониските нивоа добиваат лекции за природните чуда на Русија, прошарани со патриотски пораки како „Сакај ја својата земја“ и „Не е страшно да се умре за својата земја“.

Министерството за образование ќе воведе нов учебник по општествени науки во 2024 година, најави Кравцов на форумот во мај.

„Сегашниот учебник е, во најмала рака, либерален или псевдолиберален. Сега ќе ги нагласиме вистинските и непроменливи вредности на општеството“, изјави Кравцов.

Тој додаде дека учебниците по математика, физика и географија исто така ќе бидат ревидирани имајќи го предвид новиот дух. Претходно најави дека новите учебници по историја за 11-то одделение ќе содржат поглавје за војната во Украина.

Во април, Думата тивко и едногласно ги усвои измените на законот за воена служба со кои им се овозможува на 18-годишниците да потпишат договор за воена служба. Претходно, волонтерите мораа да завршат техничко или високо образование за да аплицираат, што значи дека војниците со договор под 20 години беа ретки, иако Путин ја намали старосната граница на 18 години во мај 2022 година.

Кога пратеникот од Думата, Картаполов, кој ги опиша руските матуранти како „инфантилни“, првпат ги предложи амандманите во 2022 година, пратеничката Нина Останина, претседателка на Комитетот за семејство, жени и деца, го изрази своето противење, велејќи дека со овој предлог „учениците кои сакаат веднаш да заработат пари, се само беспомошни“.

Според извештаите на руските медиуми, владата поставила цел да регрутира 400 000 нови волонтери.

„Целта е поставена и сега се во законот да се отстранат сите пречки за склучување договор за воена служба“, изјави активистот за човекови права Сергеј Кривенко за рускиот сервис на Би-Би-Си.

XS
SM
MD
LG