Достапни линкови

Русија изврши напади со беспилотни летала врз Киев, сите се одбиени


Украинската против-воздушна одбрана гаѓа дронови над Киев (архивска фотографија, 30 мај 2023)
Украинската против-воздушна одбрана гаѓа дронови над Киев (архивска фотографија, 30 мај 2023)

По пауза од една недела Русија втора ноќ по ред изврши напади со беспилотни летала - камикази врз Киев, а системите за противвоздушна одбрана го одбија ударот, соопштија украинските власти.

Русија изврши нов напад со беспилотни летала врз Киев на 12 јули втора ноќ по ред, но противвоздушната одбрана ги одби сите напади, соопшти воената управа на главниот град на Украина.

„По пауза од повеќе од една недела, непријателот втор ден по ред лансираше беспилотни летала од иранско производство над Киев. Воздушната тревога траеше повеќе од два часа. Сите дронови во воздушниот простор околу Киев беа уништени од нашата воздушна одбрана. Нема информации за штети или повредени“, рече Серхи Попко, шеф на воената администрација за главниот град на Украина.

Во меѓувреме, украинските војници кои се борат во близина на Бахмут во источниот регион Доњецк се движат напред со „прилично умерено темпо“ и иницијативата останува кај нив, рече полковникот Серхиј Череватиј.

Чераватиј на 11 јули рече дека непријателските сили „очајнички се спротивставуваат“ и се обидуваат да го запрат напредувањето на украинските сили.

„Во областа Лиман и Купјанск, руските сили се обидуваат да ја преземат иницијативата и постојано ги напаѓаат нашите единици“, изјави полковникот Череватиј на украинската телевизија.

Тој додава дека се случиле десет пресметки и повеќе од 800 гранати од различни видови артилерија во текот на вчерашниот ден, истакнувајќи дека во моментов се врши „голема борбена активност“ за да се истуркаат руските трупи од Бахмут.

„Треба да се земе предвид дека нашите одбранбени сили се борат херојски во однос на персоналот и опремата на непријателот. Понекогаш губиме според бројот на гранати. Затоа ни помага само нашата обука, мотивација и разузнавање. Постојано се движиме напред со прилично умерено темпо, но со големо зачувување на персоналот, што е највредно за нас“, изјави Череватиј.

Министерството за одбрана на 10 јули соопшти дека украинските сили во Бахмут веќе неколку дена го држат под оган движењето на руските војници низ градот.

Британското разузнавање и Институтот за проучување на војната (ISW) со седиште во САД на 8 јули соопштија дека, по затишјето во јуни, Бахмут повторно стана место на некои од најжестоките борби на фронтот. Тие потврдија дека украинските сили постигнале постојан успех и на север и на југ од градот, кој претходно беше целосно окупиран од Русија.

Во интервју за американската телевизија ABC News, командантот на копнените сили на Украина, Олександр Сирскиј, на прашањето дали е уверен дека Украина ќе може повторно да го заземе Бахмут, одговори:

„Да, се разбира. Сигурен сум“.

На друго место во Украина, генералот Олександар Тарнавски, шеф на јужната команда на Украина, изјави дека украинските трупи уништиле седум руски складишта за муниција во еден ден во насока на Таврија.

„Руските војници ги нападнаа позициите на украинските сили 27 пати и испукаа 668 куршуми во текот на претходните 24 часа. Артилериските единици на одбранбените сили од правецот Таврија извршија 1 418 огнени мисии во текот на денот. Загубите на непријателот во убиени и ранети изнесуваа речиси две чети“, напиша Тарнавски на Телеграм.

Тврдењата на Украина за успех на бојното поле, засега не можеше да ги потврди Радио Слободна Европа.

Според најновите податоци на Генералштабот, руските трупи ќе продолжат да ги концентрираат своите главни напори на Купјанск, Лиман, Бахмут, Авдијевка и Маринка, каде што се водат тешки борби.

Се е минирано: Опасни пречки ја забавуваат украинската контраофанзива
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:42 0:00

Градската воена управа на Бердјанск соопшти дека на 11 јули двапати одекнале експлозии во окупираниот Бердјанск во областа Запорожје.

Властите во рускиот окупаторски град рекоа дека системот за противвоздушна одбрана го спречил обидот за украински напад и соборил неодреден број ракети.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 11 јули реагираше на најавата на Соединетите Држави дека ќе испратат касетна муниција во Украина. Шојгу рече дека ако се доставуваат до Украина, руската армија ќе почне да ги користи на бојното поле.

Шојгу го нарече потегот „принуден“ и „реципрочен“, тврдејќи дека во моментов Русија се воздржува од употреба на касетна муниција, бидејќи разбира „каква закана тие претставуваат за цивилното население“.

Украинските власти и Соединетите Држави рекоа дека, од почетокот на војната во целосен обем, руската армија постојано користела касетна муниција. Москва го негира ова.

„И руските и украинските сили користеа касетна муниција, што резултираше со смрт на украински цивили“, се наведува во извештајот на Хјуман рајтс воч од 6 јули.

Во други случувања, британската влада на 11 јули соопшти дека ќе обезбеди пакет поддршка од 50 милиони фунти (65 милиони американски долари) за поправка на опремата и за основање воен центар за рехабилитација во Украина.

Според новата транша од поддршката, за која ќе се разговара на овонеделниот самит на НАТО, Британија и другите членки на Г7 ќе обезбедат илјадници дополнителни парчиња муниција и повеќе од 70 борбени и логистички возила.

XS
SM
MD
LG