Ранувањето на словачкиот премиер Роберт Фицо
Словачкиот популистички премиер Роберт Фицо беше ранет во пукање на 15 мај и пренесен во болница. Инцидентот се случил во градот Хандлова, на околу 150 километри североисточно од главниот град, јавија словачките медиуми.

1
Едно осомничено лице беше приведено по пукањето во кое беше ранет словачкиот премиер Роберт Фицо, по состанокот на словачката влада во Хандлова, на 15 мај. Фицо, кој е повреден, е пренесен во локалната болница.

2
Словачката телевизија објави дека Фицо (59) бил застрелан во стомакот откако биле испукани четири истрели пред градскиот Дом на културата.

3
Репортерот на дневниот весник „Денник Н“ објави дека го слушнал пукањето, а потоа ги видел спасувачите како го носат премиерот до автомобилот.

4
Осомничениот бил брзо уапсен.
Заменик-претседателот на парламентот Лубош Блаха го потврди инцидентот за време на парламентарната седница и го одложи до понатамошно известување, пренесе словачката новинска агенција ТАСР.
Заменик-претседателот на парламентот Лубош Блаха го потврди инцидентот за време на парламентарната седница и го одложи до понатамошно известување, пренесе словачката новинска агенција ТАСР.