Достапни линкови

Гласање прв круг

Претседателски избори - прв круг

Седми претседателски избори во Република Северна Македонија. Седуммина кандидати во трка за претседателската функција. За победа во првиот круг е потребно некој кандидат да освои мнозинство од вкупниот број запишани избирачи. Во вториот круг одат двајцата кандидати со најмногу освоени гласови.

  • На сите гласачки места се гласаше од 7 до 19 часот
  • Вкупно има 3480 избирачки места во целата земја
  • Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи
  • Изборите ги следеа 915 домашни набљудувачи, 544 меѓународни, и 58 странски новинари
  • Излезноста беше над 48%
  • Немаше посериозни нарушувања на гласањето
  • МВР информираше за одредени неправилности на некои гласачки места
  • Гордана Сиљановска Давкова е во убедливо водство пред Стево пендаровски, според првичните резултати на ДИК
21:06 24.4.2024

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова води пред Стево Пендаровски

Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова на гласање на претседателските избори 2024, Скопје 24 април 2024
Кандидатката за претседател Гордана Сиљановска Давкова на гласање на претседателските избори 2024, Скопје 24 април 2024

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска – Давкова има 128.521 гласови (36,01 отсто) со што е во предност пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, кој има 62.484 гласови (17,51 отсто) на 42,13 отсто од преброените гласови, според првичните неофицијални резултати што ги објавува Државната изборна комисија(ДИК) за првиот круг на претседателските избори.

Кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски има 3.315 гласови (90,93%), кандидатот на ДУИ Бујар Османи има 62.772 гласови (17,59%), кандидатката на Левица Билјана Ванковска – Цветковска има 15.095 гласови (4,23%), кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари има 45.932 гласови (12,87%) и кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски има 27.013 гласови (7,57%).

21:10 24.4.2024

Првични резултати од ДИК од пребројани 59.59% од гласовите

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Сиљановска – Давкова има 128.521 гласови (36,01 отсто) со што е во предност пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, кој има 62.484 гласови (17,51 отсто) на 42,13 отсто од преброените гласови, според првичните неофицијални резултати што ги објавува Државната изборна комисија(ДИК) за првиот круг на претседателските избори.

Кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски има 3.315 гласови (90,93%), кандидатот на ДУИ Бујар Османи има 62.772 гласови (17,59%), кандидатката на Левица Билјана Ванковска – Цветковска има 15.095 гласови (4,23%), кандидатот на албанската опозиција Арбен Таравари има 45.932 гласови (12,87%) и кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски има 27.013 гласови (7,57%).

21:27 24.4.2024

Сиљановска-Давкова води во изборната трка, Пендаровски втор

Пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се прославува победа на Гордана Сиљановска Давкова
Пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје се прославува победа на Гордана Сиљановска Давкова

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ е во водство во првиот круг од изборите, покажуваат податоците на ДИК. Изборниот ден, според оценките на ДИК и првичните реакции од партиите поминал во демократска и фер атмосфера, без поголеми нарушувања на изборниот процес.

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“, Гордана Сиљановска-Давкова води во првиот круг од претседателските избори, покажуваат првичните нецелосни резултати на Државната изборна комисија (ДИК).

На речиси 60 отсто обработени гласови, таа освоила 197.741 глас или 37,8 отсто. Втор е актуелниот претседател и кандидат на СДСМ и коалицијата За европска Македонија, Стево Пендаровски со 97.592 гласа – 18,66 отсто.

22:08 24.4.2024

Тапани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, воздржаност кај СДСМ

Колаж илустрација од атмосферата во штабовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
Колаж илустрација од атмосферата во штабовите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Тапани и знамиња пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, молк и воздржаност кај СДСМ, е атмосферата од изборните штабови што ја пренесуваат репортерите на Радио Слободна Европа (РСЕ) откако Државната изборна комисија (ДИК) вечерва почна да објавува првични нецелосни резултати од изборите за претседател на Северна Македонија што се одржаа денеска, на 24 април.

Млади со знамиња пристигнаа пред главното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, таканаречената „Бела палата“ во центарот на Скопј. Во штабот на СДСМ, лоциран во хотелот „Александар Палас“ е речиси празно, пренесе репортерот на РСЕ. Досега, освен новинарските екипи, таму пристигнаа само неколкумина од повискоите партиски функционери - заменик претседателката Сања Лукаревска, министрите Бојан Маричиќ, Славјанка Петровска, Стефан Богоев и претставници на некои од помалите коалициски партнери.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG