Таравари: Не е одлучено на кого ќе му дадеме поддршка во вториот круг
Здружената албанска опозиција вечерва на прес-конференција им се заблагодари на гласачите кои го дадоа гласот за нивниот кандидат за претседател Арбен Таравари и очекува на 8 мај на парламентарните избори да ја победат ДУИ.
„Добитник на овие избори е Влен или ДУИ има вкупен број на гласови на помалите етнички заедници и на граѓаните кои имале потреба од нивните пари. Влен е легитимен претставник на Албанците, Влен ги доби гласовите на Албанците. ДУИ со ова однесување го загуби последниот легитмитет да зборува во име на Албанците. Затоа на 8 мај ние ќе победиме. Важно е да потенцираме дека овој резултат и во мандати не е голема разлика од ДУИ и затоа на 8 мај овој резултат ќе биде во наша полза“, изјави лидерот на движењето Беса, Биљал Касами.
Кандидатот за претседател Таравари вели дека во сите изборни единици каде доминираат Албанци односно во Првата, Втората и Шестата изборна единица разликата е три-четири илјади гласови. Вели дека немаат одлучено на кого ќе му дадат поддршка во вториот круг.
ЗНАМ: Изборите се делумно фер и демократски
Портпаролот на движењето ЗНАМ Никола Мемов денеска на прес-конференција оценувајќи го изборниот процес, констатираше дека изборите се делумно фер и демократски. Според Мемов, имало нерамноправност во медиумското претставување, како и политички притисок врз нивниот кандидат Максим Димитриевски.
Мемов појаснува дека преку изборниот законик имале нерамноправност во медиумското претставување на кандидатите за претседател на државата, фаворизирајќи ги кандидатите од четирите најголеми парламентарни партии, со десеткратно поголема медиумска застапеност, платена од граѓаните на државата.
ВО ЖИВО: Претседателски избори 2024
„Политичкиот притисок на нашиот кандидат за претседател, преку монтиран судски процес, поради одбрана на јавниот интерес наспроти бизнис интересите на фирми спонзори на власта. Г-нот Димитриевски беше повеќе пати повикуван на судски рочишта и распиш во Обвинителството во сред кампања, само со цел да го нарушат неговиот личен углед, но и динамиката на нашата кампања“, рече Мемов.
Османи: Ова е заедничка победа
Претседателскиот кандидат на Европскиот фронт, Бујар Османи по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата одржа прес-конференција со лидерите на партиите од коалицијата. Османи изјави дека прелиминарните резултати покажуваат длабока победа на Фронтот, наспроти албанската опозиција со над 40 илјади гласа и со победа во речиси сите општини во земјата.
ВО ЖИВО: Претседателски избори 2024
„Сакам да се заблагодарам на сите за поддршката за Европскиот фронт и за мојата кандидатура. Ова е заедничка победа и оваа победа само докажува дека Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава. Денес Албанците, Турците, Бошњаците, Ромите докажаа дека тие сами одлучуваат за својата судбина и никогаш нема да дозволат некој друг да одлучува за нив. Волјата на народот денеска е јасна и треба да се почитува од сите“, истакна Бујар Османи.
Тапани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ, воздржаност кај СДСМ
Тапани и знамиња пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ, молк и воздржаност кај СДСМ, е атмосферата од изборните штабови што ја пренесуваат репортерите на Радио Слободна Европа (РСЕ) откако Државната изборна комисија (ДИК) вечерва почна да објавува првични нецелосни резултати од изборите за претседател на Северна Македонија што се одржаа денеска, на 24 април.
Млади со знамиња пристигнаа пред главното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, таканаречената „Бела палата“ во центарот на Скопј. Во штабот на СДСМ, лоциран во хотелот „Александар Палас“ е речиси празно, пренесе репортерот на РСЕ. Досега, освен новинарските екипи, таму пристигнаа само неколкумина од повискоите партиски функционери - заменик претседателката Сања Лукаревска, министрите Бојан Маричиќ, Славјанка Петровска, Стефан Богоев и претставници на некои од помалите коалициски партнери.