Северна Македонија избира претседател
Мирно и без пријавени неправилности се одвива првиот круг од претседателските избори во Северна Македонија, на кои граѓаните гласаат за еден од седумтемина кандидати за Претседател на државата.
До 11:00 часот, правото на глас го искористиле 12, 78 отсто од граѓаните или 229 417 гласачи од вкупниот број на регистрирани гласачи. Поголема излезност е забележана во Демир Капија (24%) и Градско (20%), помала во општините Боговиње (5%) и Маврово Ростуша (4,5%), а најмала во Студеничани (3,82) отсто.
Од Државната изборна комисија (ДИК) соопштија дека гласачките места биле отворени навреме, иако на некои избирачки места се појавиле технички проблеми. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, вели дека истите биле тековно решавани.
„Пријавени се само технички проблеми, батерија или кабел на биометриските уреди кои ги решаваме во од. Сите гласачки места се отворени и засега нема прекин никаде“, изјави Даштевски. Поопширно ТУКА
До 11 часот, гласале 12.78% од избирачите
Според најновите информации од Државната изборна комисија, до 11 часот, гласале 12,78% од запишаните избирачи.