Агелер: Ништо нема да се постигне со негласање
Амбасадорката на Соединетите Американски Држави(САД) во Северна Македонија, Анџела Агелер, преку официјалниот профил на амбасадата на мрежата Фејсбук упати порака до граѓаните да излезат на гласање и да го дадат својот глас за кандидатот кој ги одразува нивните очекувања за иднината. „Граѓаните и гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа тие гласачи... мора да гласаат. Тие мора да излезат таму и да го изберат кандидатот што ги одразува нивните соништа за иднината, и ништо нема да се постигне со негласање“, пишува во пораката од Агелер.
ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 - ТИ ОДЛУЧУВАШ!
Северна Македонија избира претседател
Граѓаните на Северна Македонија бираат шеф на државата кој ќе ги води во следните пет години. Во изборната трка има седум кандидати, а за победа во првиот круг е потребно кандидатот да освои гласови на повеќе од половината од вкупниот број регистрирани гласачи. Ако тоа не се случи, ќе има втор круг, на 8 мај, заедно со парламентарните избори.
На гласачките места во Северна Македонија кои се отворија утрово на 24 април во 7 часот, граѓаните ќе можат да го дадат својот глас за еден од седумтемина кандидати за Претседател на државата, што е најголем број на кандидати во историјата на претседателските избори.
Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани.
Повеќе за иборите ТУКА