BBG Affiliates
„Поместивме планини“
Договорот за името го потпишаа министрите за надворешни работи Димитров и Коѕијас во Псерадес во Грција на брегот на Преспанското Езеро, а на церемонијата зборуваа и премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Според Заев, поместени се планини. Присутни беа и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан и потсекретарката за политички прашања на Обединетите нации Розмари Ди Карло.