Приказни за Скопје кои ги нема на интернет - прошетка со странски туристи
Некогашниот професор по географија, а сегашен туристички водич, Зоран Ставревски, секојдневно им раскажува на туристите за Скопје и за македонската историја. Тоа се нуди да го прави бесплатно, а оние кои го ценат неговиот ангажман се заблагодаруваат со башкиш. Вели дека бројот на туристите од година во година расте, но и дека мора да се најде интересен пристап за да се задржи вниманието. РСЕ беше дел од туристичка тура низ Скопје.