ФотоSerhiy Nuzhnenko (RFE/RL)
Некогаш и сега - Повторното раѓање на Буча низ фотографии
Некогаш и сега - Повторното раѓање на Буча низ фотографии
Во март 2022 година, во екот на руската инвазија, новинарот на РСЕ, Серхи Нужненко, беше еден од првите фоторепортери што влезе во, тогаш, сè уште спорниот град Буча. Повеќе од една година подоцна, фотографот повторно ги посетил местата каде порано фотографирал пустош, за сега да најде трансформиран град.
Главната улица во Буча фотографирана на 1 март 2022 година за време на пауза во борбите. Градот, северозападно од Киев, беше место на жестоки битки од 27 февруари до крајот на март
Истата улица во Буча за време на работа за обнова на патишта во мај 2023 година
Жител на Буча стои во дворот на јагленисан дел од станбен блок на 1 март 2022 година.
Истиот двор, сега со обновен блокот кој бил уништен пред година и пол
Жителката на Буча, Олха, за РСЕ изјави: „Кога татко ми ја изгради нашата куќа, направи подрум одоздола и ни рече: „Ако нешто се случи, ова е вашето засолниште за бомби“, се сеќава таа. „Кога се случи [инвазијата], погледнавме надвор и видовме тенкови веќе во нашиот двор како пукаат. Побрзавме во тој подрум и седевме цврсто седум часа“ Откако тенковите се оддалечиле, вели Олха, излегле надвор и ја виделе застрашувачката слика. „Беше како некој вид Армагедон“, вели таа за РСЕ.
Олха на истото место, во март 2023
Урнатини на улицата Вокзална во Буча, каде што се водеа едни од најтешките борби
Улицата Вокзална во мај 2023 година. Глобалната мисија за зајакнување, американска хуманитарна организација за помош при катастрофи, беше клучна во обновувањето на поголемиот дел од Буча и обнови неколку куќи „од нула“.
Уништен руски тенк пред гранатирана куќа на улицата Вокзална, фотографиран на 1 март 2022 година
Куѓата од претходната фотографија, обновена и фотографирана во мај 2023
Жителите на Буча, Наталија и Рустем, на 1 март 2022 година. „Беше многу тешко, многу страшно да се седи во подрумот додека надвор ечеа битки“, рече парот. „Мислевме дека сме во безбедна зона, но можете да видите како испадна.
Наталија и Рустем фотографирани додека нивниот имот се обновувал во февруари 2023 година
Автобуска постојка фотографирана меѓу пустошот на улицата Вокзална на 1 март 2022 година
Автобуската постојка на улицата Вокзална во мај 2023 година
Јагленосан дел од станбена зграда во март 2022 година
Пролетни дрвја опкружуваат целосно обновена станбена зграда (од претходната фотографија), овојпат снимена во мај 2023 година.
Тегли со храна и напуштено оклопно возило во март 2022 година
Фотографија од обновувањето на истиот дом во Буча од претходната фотографија, фотографирано во мај 2023 година.