Османи го пречека Блинкен
Северна Македонија е силен сојузник и партнер на САД и сите наши сојузници во НАТО. Секој ден го гледаме тоа. Јас морам да ви кажам колку сме благодарни на вашето претседавање со ОБСЕ во како што и самите рековте многу тежок период. Завршивте исклучително добра работа, рече американскиот државен секретар Антони Блинкен на средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е преседавач со министерскиот состанок на ОБСЕ утре и задутре во Скопје.