На руско семејство му се заканува депортација од Србија
Семејството Терек се преселило во Србија од Русија во 2019 година, барајќи подобар живот. Најдоа работа, платија даноци и велат дека никогаш не правеле проблеми. Но, сега Србија им се заканува дека ќе ги депортира. Официјални лица одбиваат да објаснат зошто семејството било означено како „неприфатлив безбедносен ризик“.