„Моите соништа се претворија во прашина“: Гласови на Авганистанки на кои Талибанците им забранија да учат
Кога талибанците им забранија на жените да учат во Авганистан, десетици илјади студенти го загубија пристапот до универзитет, што претставува голем неуспех за правата на жените во земјата. РСЕ разговараше со три жени на кои талибанскиот режим им ги прекина студиите. Една поранешна студентка рече дека тоа бил најлошиот ден во нејзиниот живот кога нејзиниот сон да стане хирург бил уништен.