Достапни линкови

Многу ѓубре и уште повеќе политика


Илустрација
Илустрација

Њузлетер 14.07.2023 - Скопје заглавено во ѓубре, политичарите и институциите заглавени во недоверба. И меѓу два протести на комуналците, административците или буџетарите - нови вести за украинскиот фронт, за самит на НАТО, за балканските евро-атлантски желби... И многу политика и критики за бавни реформи во Северна Македонија.

Верувам - Не верувам

Судовите и Обвинителството имаат најниска доверба кај граѓаните, според последните анкети. Банките и општините котираат највиско на листата. Овие резултати, аналитичарите ги гледаат во отсуството на одговорност и неказнивост во државата, но и во кадровската политика која наградува сервилност и партиска лојалност, а не квалитет.
Јавното обвинителство и судовите и натаму се меѓу институциите во Северна Македонија кои имаат најниска доверба кај граѓаните.

Кои се клучните проблеми и дали Владата ги решава?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:14 0:00

Последната анкета на ИРИ покажува дека над 50 отсто изразиле силна недоверба во овие институции, додека само еден процент рекле дека имаат доверба во нив во голема мера.
Анкетата на ИРИ е спроведена од 8 април до мај на 1208 испитаници. Според анкетата, ниско ниво на доверба имаат и Парламентот, Владата, политичките партии, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државната изборна комисија.
Освен од граѓаните, порака со разочарување дојде и од американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер, која порача дека иако САД вложиле половина милијарда долари за реформи во правосудството, „нема очекуван поврат“.
Во четвртокот и од ЕУ стаса порака. Тројца европски министри дојдоа во Скопје и порачаа: Не е момент за предвремени избори, туку за уставни измени.

„Драги мои скопјани“

Паѓа и довербата во скопската градоначалничка Данела Арсовска. Големата поддршка која Данела Арсовска ја доби на локалните избори, за година и пол се „стопи“. Во истата анкета на ИРИ граѓаните се изјаснија дека не се задоволни од нејзиното управување со Скопје. Радио Слободна Европа анализираше - Што вети, а што исполни Арсовска. Што се случуваше од нејзиното предизборно „Драги мои скопјани“ до денеска, кога со последниот штрајк во ЈП „Коминална хигиена - Скопје“ во главниот град продолжи на расте нетрпението на граѓаните, исто како што растеа купиштата ѓубре низ градот кои комуналците поради „мали плати“ не сакаа да ги собираат.

Инфографика - Што ветуваше Данела Арсовска?
Инфографика - Што ветуваше Данела Арсовска?

Општинските градоначалници сами си ги чистеа општините и најавија тужба за Арсовска, а таа пак се пофали дека го решиле проблемот и ѝ честиташе на директорката на „Комунална“, Косана Мазнва, дека открила „мафијашки активности“, нешто што „за 30 години не му успеало на ниеден маж“.

Никогаш не е доцна за правда или замајување на народот?

„Скопје 2014“ пак се актуелизираше со нов обид за судска разврска на дел од неговите актери. Обвинителството и власта велат дека од правдата нема бегање, а опозицијата обвини дека пак се отвора случајот за да се тргне вниманието од „актуелни криминали на власта“.

Што со Скопје 2014? Некои објекти недовршени, некои се распаѓаат
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:26 0:00

Како и да е - Во „Скопје 2014“ и во објектите од него има многу дупки. И правни и градежни. За правните „ќе се погрижеле надлежните“, а за останатото - ќе видиме. До тогаш ќе остане сликата која ја забележа нашата камера низ барокното Скопје и критиките од архитектите.

Ни стопан, ни гости

Уште еден проект од „минатото“ стана актуелен - Македонско село. За жал се актуелизираше по лошо.
Комплексот во скопско Нерези, со 12 автентични македонски куќи стави клуч на капијата во октомври 2018 година, откако првите и последни концесионери на селото, компаниите „Тинекс“ и „Квинс“ се повлекоа од стопанисување поради економска неисплатливост.

„Македонско село“ под клуч, без стопани, без посетители
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

Тоа е истата причина и поради која „Македонско село“ нема да доживее трансформација од туристичка атракција во стартап село, идеја која Владата ја заговараше уште во 2020 година. Денес, од Фондот за иновации не гледаат економска исплатливост за трансформацијата што неколку години наназад ја најавуваше Владата.
Сега селото нема ни стопан, па камо ли гости. Има само клуч на врата.

Зауздување

Но, повеќето анкети покажуваат дека политиката и судството не се најгорливиот проблем на граѓаните, туку економијата, стандардот и стабилноста на банките.
Народната банка презеде дополнителни мерки за заштита на финансиската стабилност на банките, во услови кога пазарот на недвижности упатува дека има потреба од претпазливост.

Поранешниот гувернер Петар Гошев смета дека мерката може да ги заузда цените на становите.
По трет пат оваа година Народната банка ја менува таканаречената стапка за противцикличен заштитен слој на капиталот на банките, што значи дека банките ќе мораат да чуваат повеќе резерви и со тоа да ги намалат средствата за давање кредити.

Шведска во НАТО, Украина прво да победи

Турскиот претседател попушти за шведската кандидатура за влез во НАТО пред Самитот во Вилнус. Украина, и покрај настојувањата и делимичната поддршка, доби разочарување.
Лидерите на НАТО договорија пакет од три мерки за приближување на Украина до Алијансата, но тој не содржи рамка за пристапување.

За украинскиот претседател Володимир Зеленски тоа е апсурдно и без преседан. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека „додека Украина не победи, нема воопшто да се разговара за членство“. На крајот на дводневниот Самит, сепак кажа дека: Украина е поблиску до НАТО од кога било досега.

Тепачка

Пред крајот на неделата се случи и политичка тепачка. Во косовскиот Парламент, претставници на Демократската партија на Косово физички го нападнаа косовскиот премиер Албин Курти додека тој држеше говор во Собранието.

Курти зборуваше за ситуацијата на северот на Косово кога пратениците од опозицијата со извици го прекинаа неговиот говор.


Прво пратеникот Мергим Луштак фрли вода во правец на вицепремиерот Бесник Бислими, а потоа физички беше нападнат министерот за финансии Хекуран Мурати. По конфликтот беше прекинат директниот пренос од Собранието на Косово.

XS
SM
MD
LG