Достапни линкови

За заедничка Македонија - Нека чуе Хан како чука македонското срце


За заедничка Македонија - Нека чуе Хан како чука македонското срце
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:30 0:00

Еврокомесарот Јоханес Хан да чуе како чука македонското срце, порачаа вечерва демонстрантите на маршот „За заедничка Македонија“. Хан, кој утре пристигнува во Македонија, одбил да се сретне со организаторите на протестите, туку ќе разговара само со политички претставници. Тие му порачаа на Хан дека Тиранската платформа е најгрубо мешање на соседна држава во внатрешните работи во Република Македонија и тоа води кој целосно разнебитување на државата и целосна промена на нејзиниот лик. Ако меѓународната заедница им мисли добро на овој народ и на оваа земја, најмалку што може да направи е јасно и недвосмислено да ја отфрли албанската платформа која ги загрозува националните и државни интереси, рекоа учесниците на маршот. Неколку илјади демонстранти, со транспаренти против Сорос, четврта недела протестираат во Скопје и во други градови во Македонија против прифаќањето на „Тиранската платформа“ и за, како што велат, заштита на унитарноста на државата.

Категории

XS
SM
MD
LG