Нема куса дефиниција за тренингот за личен и организациски развој, но Ида Протуѓер вели дека наједноставно може да се објасни дека за разлика од психологијата и психијатријата не се занимава со минатото, туку со иднината. Целта е човекот да го максимизира својот потенцијал да си го живее животот како што посакува
Таа во Виена, каде што по тригодишни обуки ги добива сите сертификати, сега работи со клиенти, а не со пациенти. Кај неа доаѓаат кога треба да носат животна одлука, избор на партнер, на професија. Некогаш е одредена тема – развој на комуникативни вештини или одредување на целта кога се минува низ транзициски кризи – развод, пензионирање, ново работно место...
Најголемата моќ е да имате право на слободен избор и да носите одлуки за својот живот. Затоа моето мото е - бидете автор, а не актер во сопствениот живот.
Што е успех во оваа професија?
Кога прв пат ќе дојдат луѓето сакаат да ги сменат околностите за да постигнат некоја цел. Но всушност треба да се изгради автономија кај себе и одговорност и тогаш му помагате да ги освои слободите, но и одговорноста да носи одлуки.
Тие што не се подготвени за промени најчесто се во позиција на жртви, Каде што друг е виновен, друг треба да ја преземе одговорноста и не ја разбираат својата одговорност во процесот и фокусирани се на дефицити. Смета дека така се однесуваат најголем дел од македонските граѓани. Пример е политиката.
Султан Партиите не чуствуваат одговорност пред гласачкото тело и затоа на избирачките листи не ставаат луѓе кои се вредни, туку лојални на партијата, или треба да се наградат. А и гласачкото тело нема можност, како една изборна единица, за да гласа за личности. Кога се гласа најчесто се казнува. Тогаш Македонецот има шанса да го заокружи гласачкото ливче и тоа го прави емотивно, гласа против. Или гласа за сопствени придобивки од партијата.
И политичарите бараат лајф коучинг, а Протуѓер смета дека на лидерите им треба најмногу, но немаат свест дека е им е потребно.
Клучната причина за нефункционални институции е нефункционално лидерство. И неинспиративно. Тука е борбата за ресурсите на државата, а не за раст на државата. Тука е замката и лагата со која се тргнува во изборен процес.
Но за да се промени некој треба да сака, вели Ида Протуѓер, тренер за личен и организациски развој.
Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај и Јутјуб, Ејпл. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.