Кучиња придружници – зошто ги нема и како можат да им помогнат на лицата со попреченост?
Лабрадорот Бен веќе 13 години му помага на Александар Велески кој живее во количка поради церебрална парализа, иако не е специјално дресиран за куче придружник. Велески и Суарет Алишан од Коалиција Менуваме, која се залага за правата на лицата со попреченост, се надеваат дека во иднина што повеќе лица со попреченост ќе живеат со специјално дресирани кучиња како нивна поддршка.