За сите оние чинителите кои не се дел од шумарството целиот апарат за заштита на шумите е нефункционален, вели Петровски и додава:
„Службите се корумпирани и не си ја вршат работата, а судството и обвинителството се не ефикасни. Јас мислам дека многу често ги критикуваме иако и многу други фактори влијаат врз таквата состојба. Имено Македонија е мала земја, сите се знаат и се случува функционери, политичари да дигнат телефон и да сугерираат што да се направи со запленет камион или да се тргне настрана пријавата“.
Дека шумите се сечат законски и незаконски, дека постои државно претпријатие македонски шуми и шумска полиција исто така.
Но шумите и натаму ги сечат, како што знаеме, кога повремено ќе слушнеме, видиме или прочитаме на вести. На прагот на летото сме, кога за жал почнува и сезоната на пожари.
Сашко Петровски е еден од основачите на Здружението на граѓани РЕФОРД - Регионален центар за шумарство и рурален развој – Скопје. Во текот на 2022 и 2023 година, во соработка со Шумската служба на САД изработи прирачник за заштита на шумите.
Во прирачникот се наведуваат сите државни структури кои треба да се грижат за шумскиот фонд во секоја смисла на зборот. Институции директорати, сектори,, служби, полиции, закони, и наведуваате што се треба да прават за заштита на шумите. На пример шумочуварската служба треба:
- Да ја чува шумата од нелегална сеча и шумски кражби;
- Да врши проверка на сите средства за транспорт на дрво и други шумски производи во областа на реонот кој е под надлежност на шумочуварската служба.
- Да ги идентификува сите лица затекнати во шума како и да поднесе барање заповедување прекршочна постапка против лицата фатени во вршење незаконски активности;
- Да врши обнова и зачувување на граничните знаци на шумскостопанските единици, оддели и зачувување на шумата од уништување и незаконско користење;
- Да поднесува извештај за шумски пожари, растителни болести, шумски штетници, како и други опасности во шума;
Како главен проблем во прирачникот се наведуваа корупцијата, која се смета за еден од главните двигатели на илегалната сеча и најважниот фактор кој ја овозможува незаконската трговија со дрвo.
Таа се протега и може да се сретне низ целиот ланец на движење на производот во шумарството. Ланецот на движење на производот во шумарството воглавно се состои од следните фази: Сеча, Дотур, Транспорт, Продажба.
Во заклучокот на Прирачникот наведувате дека последните податоци укажуваат дека незаконските активности во шумите во Северна Македонија се зголемуваат и имаат големо негативно економско влијание врз шумарскиот сектор. Долго време темата била запоставена, меѓутоа негативното еколошко влијание кои овие активности го имаат, направи да оваа тема стане актуелна и предмет на истражувања. Целта е да се сврти вниманието кај институциите со кои се соработувало на овој проект ни и во невладиниот сектор кои треба да алармира за состојбите и да укажува на решенијата. Здружението на граѓани РЕФОРД - Регионален центар за шумарство и рурален развој – Скопје има и препораки за законски измени со цел да се зголеми ефикасноста во справувањето со заштитата на шумите и нелегалната сеча.
Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.