Аероклуб Скопје постои 101 година. Период во кој се обучени многу пилоти, и падобранци, кои станале и професионалци и работат во авио компании.
Стара мудрост е дека некој човек е среќен ако оди со ќеиф на работа. Денешниот гостин во Зошто – Јане Стефанов, е претседател на Аероклуб Скопје, човек, кој успеал своето хоби и љубов да го претвори во професија. .
Со Јане разговараме за мисијата на клубот, за ентузијазмот за начините на финансирање?
„Некогаш државата го стимулираше клубот, а денес сме оставени сами на само финансирање и само одржување“, вели Стефанов.
Клубот, вели Јане, е организиран во секции, даваат часови за падобранство, за управување авиони, а средствата се користат за набавка и одржување на авиони и опрема.
Има голем интерес меѓу младите да учат управување со авион или скокање со падобран, така што мисијата клубот и натаму ја остварува.
Клубот со години наназад е ангажиран за аеро прскање комарци и муви на територијата на Скопје.
Оваа година процесот почна пред еден месец. Многумина скопјани се жалат на убоди од комарци и сметаат дека се доцни со прскањето.
Мислам дека имаа проблем со набавката на средствата за прскање. Дали се доцни или не, не можам да кажам, не сум стручен. Има стручни служби во град Скопје кои оценуваат кога треба да се прска. Тие нас не ангажираат и во зависност од временските услови, влагата, се решава кога се прска против ларви и комарци.
На прашањето, кој е одговорен и кому да се пожалат граѓаните од убоди на комарци, Стефанов вели – на градот Скопје и градоначалничката.
Што се однесува до прашањето за квалитетот на средствата со кои се прска, Стефанов тврди дека станува збор за најквалитетните средства кои постојат на светско ниво.
Слушајте не, следете те го Поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.