Достапни линкови

Зеленилото е прашање на јавна безбедност


Активизмот не е доволен, ова е борба за живот, вели екологот, професор по биологија и активист Кирил Арсовски Пржо во Поткастот Зошто. Во градовите никнуваат повеќе згради од дрвја, а и она малку зеленило полека го јаде градежната мафија. Но колку граѓаните се подготвени да се борат за својот животен простор?

Граѓаните ги гледаат градовите како места каде што живеат само луѓето. И затоа побитно им е како е среден нивниот хабитат, нивниот стан, дали е дизајнерски уреден, каков двор имаат, со искосена трева, цвеќиња во жардињери. Вака биологот и професор Кирил Арсовски Пржо објаснува зошто жителите во градовите престанале да се грижат за живиот свет, за нивниот хабитат кој е клучен за здрава животна средина.

Уште живееме во турско време , најважна ни е авлијата и ништо што е надвор од неа, важен ни е само нашиот дом.

За Скопје Арсовски вели дека е неверојатно незелен град иако за некого е доволно што го има градскиот парк, паркот Гази Баба, Водно. Дека тоа не е доволно говори и што имаме драстични временски непогоди, топли бранови проследени со силни врнежи и невреме кои остават пустош.

Или сме испржени, или сме поплавени. Владее суптропска клима кај нас.

Или сме испржени или сме поплавени
please wait

No media source currently available

0:00 0:19:50 0:00
Директен линк

Единствен и најевтин начин за заштита, според Пржо, се природни решенија.

Но притоа не се мисли на саксии со цвеќе или мали дрвореди крај зградите или зелени кровови кои во Скопје многу тешко се одржуваат.

Зеленилото не е само прашање на естетика, туку на јавна безбедност. Ние не зборуваме за активизам, зборуваме за живот.

Тој се залага и за спас на веќе постоечкото зеленило. Градскиот парк во Скопје кој има многу природни елементи, огромен жив свет, исполнува многу услови да биде прогласен за заштитено подрачје,

Не може Градскиот парк да има мултидимензионална намена. Не може да биде и место за рекреација и место за концерти, место за деца, таму е и зоолошката, сега сакаат и луна парк повторно, има и ноќни клубови. Тоа се се случува во градскиот парк затоа што немаме други места.

Кирил Пржо зборува и за погрешниот пристап кога луѓето забележуваат змии или ежеви низ градот. Објаснува дека наезда како биолошка појава не постои, туку се уништиле нивните биокоридори.

Имале џбунови, грмушки, довореди, дворови, паркчиња, каде што можеле безбедно да се движат, да се хранат, да се размножуваат, без никој да ги види. И сега им ги нема, уништен им е биохабитатот. Таму никнале висококатници. Нивното право на присуство во градот е еднакво на нашето.

Поткаст „Зошто“ со Сања Васиќ и гостинот Кирил Арсовски Пржо
Поткаст „Зошто“ со Сања Васиќ и гостинот Кирил Арсовски Пржо

Решенијата се во рацете на политичарите. Арсовски смета дека решавањето на еколошката состојба во Скопје треба да биде единствената работа на која ќе работи еден градоначалник.

Но тој е песимист затоа што животната средина никогаш не била тема на ниту една партија, на ниту една влада, на ниту еден претседател. Иако имало најави и големи разочарувања.

Почитувани Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на нашиот сајт Слободна Европа, како и на Спотифај , Јутјуб и Ејпл. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи преку социјалните мрежи кои теми сакате да ги слушате.

  • 16x9 Image

    Сања Васиќ

    Новинарската кариера ја почнува во весникот „Нова Македонија“ во 1991, а потоа продолжува во телевизија Телма како уредник  и водител во информативната програма каде минува најголем дел од кариерата. Работела и во македонската редакција на Гласот на Америка во Вашингтон, била локален дописник на странски новински агенции, како и предавач и обучувач на медиумски проекти. Во Радио Слободна Европа е од јули 2022.

XS
SM
MD
LG