Достапни линкови

Караман - гордост на македонските планини


Караманџии на Мечкин Камен, Крушево
Караманџии на Мечкин Камен, Крушево

Вљубениците на расата Македонско овчарско куче – Караман сметаат дека за оваа раса постојат докази дека била одгледувана уште пред 4 000 година. Во Зошто разговараме со Илија Каров претседател на Кинолошкиот клуб за македонското овчарско куче Караман. Тој вели дека Македонската кинологија има ретка можност да издејствува конечно да се стекне со своја кучешка раса.

За да се случи тоа неопходна е поголема посветеност на македонските кинолози и кинофили и секако да се појават повеќе одгледувачи на расата низ цела Македонија.

Ова е дел од цитатот од воведот во Фејсбук страницата на МАКЕДОНСКО ОВЧАРСКО КУЧЕ - КАРАМАН.

Како почнаа и до каде стигнаа групата вљубеници на автохтоната раса македонско овчарско куче Караман.
Според караманџиите, еден од најпознатите и најпосветени дејци за промоција на оваа раса е Илија Ико Каров.

Тој вели дека со голем ентузијазам, посветеност е преземен таканаречен Волонтерски поход за зачувување на Караманот што треба да резултира и со признавање на ова куче како посебна раса од страна на Светската Кинолошка Федерација.

Волонтерски поход за зачувување и признавање на Караманот
please wait

No media source currently available

0:00 0:20:27 0:00
Директен линк

Дали земјата ќе има своја сопствена раса зависи од сите нас.
Големи напори се преземени за правилна селекција на оваа раса. Самиот збор Караман асоцира на црно куче, но тоа е најмал проблем, вели Каров, наведувајќи дека има многу елементи за да се посигне целта.

До каде е процесот за регистрирање на караманот во светски рамки?

„Документацијата е завршена и се надеваме дека во Септември идната година ќе аплицираме за раса. Но процесот е комплексен. Треба да дојдат две комисии. Една за стандард и една научна од ФЦИ и да направат евалуација на 70 примероци на карамани“, вели Каров.

Во меѓувреме, се редат успешни изложби и натпревари на домашен и надворешен терен како дел од процесот.

Со Ико Каров разговараме и за разликата меѓу караманот и шарпланинецот како и за тоа како треба да изгледа вистински Караман?

Поткаст „Зошто“ на Зоран Ќука со гостинот Илија Каров
Поткаст „Зошто“ на Зоран Ќука со гостинот Илија Каров

„Македонија има должност да си го зачува своето кинолошко наследство чиј значаен дел е македонскиот караман со кој повеќе милениуми се гордееле македонските сточари“, заклучува Илија Ико Каров претседател на Кинолошкиот клуб за македонското овчарско куче Караман.

Слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл поткаст. Кликнете на Зошто и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе прашуваме преку нашите социјалните мрежи.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG