Хрватскиот државен врз денеска беше спречен да учествува во така-наречената Колона на сеќавањата во Вуковар, и положи венец и запали свеќи на спомен обележјето во Овчара.
Заедничкиот венец на претседателот на Хрватска, Иво Јосиповиќ, на Саборот, Јосип Леко и на Владата Зоран Милановиќ, не е положен на Меморијалните гробишта во Вуковар поради блокадата, кои им ја поставија вуковарските ветерани, собрани околу „Штабот за одбрана на хрватски Вуковар“. Тие се револтирани од законот за малцинства, според кој и во ВУковар треба да има двојазични табли, латинични и кирилични.
Јосиповиќ изрази жалење дека настанот е исполитизиран и рече дека на претставниците на власта им е попречено да учествуваат во колоната.
Воените судири во Вуковар почнаа во средината на август 1991 година, а ЈНА го зазеде градот на 18 ноември. Вуковар беше првиот град од кој со борба се потиснати хрватските сили. Борбите за Вуковар траеја 86 дена, а во нив, како што се проценува, загинаа меѓу 3.000 и 5.000 луѓе, главно цивили. Во судирите беа разурнати 90 проценти од градот.
Категории
- Македонија
- Свет
- ТВ Тема на неделата
- ТВ Тема на денот
- Во 90 секунди