Достапни линкови

Евгениј Пригожин, водач на платеници чиј бунт беше „нож во грб“ за Путин, се претпоставува дека загина во пад на авион


Евгениј Пригожин во регионот на Краснодар, Русија, 06.04.2023
Евгениј Пригожин во регионот на Краснодар, Русија, 06.04.2023

Евгениј Пригожин, шефот на озлогласената платеничка група Вагнер, кој стана клучна фигура во руската војна против Украина, пред да организира бунт што го потресе Кремљ и ги донесе бунтовничките борци до прагот на Москва, се верува дека загинал во авионска несреќа северно од Москва.

Приватен авион на Вагнер кој превезувал 10 луѓе се урна на 23 август, соопшти руското Министерство за вонредни состојби. Името на Пригожин беше на списокот на летот. Онлајн тракерот Flightradar24 покажа дека авионот, регистриран во групата Вагнер, како се губи од радарите рано во вечерните часови на 23 август.

Пад на авионот, во кој се смета дека бил Пригожин
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:27 0:00


Официјалните лица не коментираа каква било можна причина за несреќата. Росавијација рече дека е започната истрага за инцидентот.

Поранешен осуденик кој бизнисот со ресторани во Санкт Петербург го трансформира во профитабилни договори со Кремљ, Пригожин прво се здоби со озлогласеност на Запад поради создавањето на „руската фабрика за тролови“ која беше обвинета за обид за манипулирање со американските гласачите на претседателските избори во 2016 година. Но, неговата приватна платеничка компанија „Вагнер груп“ веројатно одигра уште поголема улога во руската внатрешна и надворешна политика и му донесе глобална слава.

Дрзок и со садистички манири, Пригожин ги испрати своите вагнерови платеници да се борат од името на Кремљ во Сирија, Либија и Украина. Откако Кремљ нареди целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, тој се претвори во безмилосен критичар на тоа како војската ја водеше таа војна - конфронтација што дојде до израз во јуни 2023 година кога Пригожин испрати илјадници свои борци во дрзок бунт против воената команда.

Бунтот – кој Владимир Путин го нарече „нож во грб“ – беше краткотраен, но претставуваше најголем предизвик за рускиот претседател во неговите 23 години како истакната политичка фигура во земјата.

Пригожин - Од “готвачот на Путин“ до бунтовен платеник
please wait

No media source currently available

0:00 0:05:37 0:00


Од хот дог до „готвач на Путин“

Пригожин е роден во тогашниот Ленинград во 1961 година и израснат од неговата мајка, која работела во болница за да ги издржува него и неговата баба откако татко му починал. Како тинејџер, тој почнал да се занимава со нордиско скијање во специјализирано спортско училиште, но завршил назад во Ленинград, каде што бил фатен и казнет за кражба, прво во серијата посериозни злосторства, вклучително и вооружен грабеж и трговија со малолетници, поради што одлежал нешто повеќе од девет години затвор.

Тој беше ослободен од затвор во 1990 година во време кога Советскиот Сојуз беше во полн замав на реформите за гласност и перестројка на Михаил Горбачов. Заедно со вториот сопруг на неговата мајка, тој отвори синџир на штандови за хот-дог, кој, според негова сопствена проценка, беше многу успешен.

„Заработував 1.000 долари месечно, а имаше и планини од рубљи“, рече тој во реткото рано интервју објавено во 2011 година од едно списание во Санкт Петербург.

Подоцна работел и инвестирал во синџир супермаркети наречен Контраст во сопственост на поранешен соученик од училиште.

Нејасно е кога првпат се развиле односите на Пригожин со Путин, иако како нов претприемач во Санкт Петербург, тој најверојатно се вкрстил со Путин, чија политичка кариера започна во канцеларијата на градоначалникот во 1990-тите, во времето на Анатолиј Собчак.

„Крвав бизнис“: „готвачот на Путин“ регрутира платеници во затвор
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:06 0:00


Според магазинот Форбс, Пригожин, наводно, се спријателил со Путин преку неговите безбедносни детали, а потоа и со неговиот шеф на обезбедувањето Виктор Золотов. Золотов подоцна го следеше Путин додека неговата политичка ѕвезда се издигна во Москва, и продолжи да служи како шеф на Националната гарда, моќна агенција за внатрешна безбедност.

Според профилот на информативната страница Медуза, Пригожин влегол во бизнисот со ресторани со друг директор на Контраст, а кон крајот на 1990-тите, тие го отвориле она што станало еден од најпознатите ресторани во Петербург, Старата царинарница.

Потоа следеше уште една инвестиција: реновирање на еден стар едреник и негово претворање во Нов Остров (Нови Остров), кој стана уште еден познат ресторан каде Путин беше домаќин на францускиот претседател Жак Ширак во 2001 година, а подоцна и на американскиот претседателот Џорџ В. Буш.

Прехранбениот бизнис на Пригожин се прошири во договори за угостителство под компанијата наречена Конкорд Кетеринг - прво за училишта, болници и затвори, а потоа и за поголеми владини настани, како што е Петербуршкиот меѓународен економски форум и инаугурацијата на Дмитриј Медведев за претседател во 2008 година.

Неговите угостителски договори за Кремљ и другите руски елити му го донесоа називот „Готвач на Путин“.

Во 2006 година, кога Буш отпатува во Санкт Петербург на самитот, тој и неговата сопруга Лаура беа послужени со вино од Пригожин, на вечерата што ја приреди Путин.

Во 2012 година, компаниите на Пригожин склучија профитабилен договор со агенцијата на Министерството за одбрана за обезбедување храна и угостителски услуги за руската војска. Откако Сергеј Шојгу, поранешен министер за вонредни ситуации и долгогодишен лојалист на Путин, беше назначен за министер за одбрана, договорот заврши неколку години подоцна - факт што подоцна можеби го поттикна непријателството на Пригожин кон Шојгу.


Во доцните 2010-ти, угледот на Пригожин беше погоден поради низата вести кои документираат случаи на труење со храна меѓу училишните деца и воените кадети, од угостителството обезбедено од компаниите на Пригожин.

Тој исто така бил ангажиран и во бизнисот со недвижнини во неговиот роден град Санкт Петербург, каде што се впуштил во често жестока јавна расправија со гувернерот на градот, кој и самиот беше назначен од Путин.

Платеници и тролови

Точниот тајминг на влегувањето на Пригожин во матниот свет на приватните воени компании е нејасен, но набљудувачите укажуваат на почетокот на конфликтот во Сирија и на крајот успешна интервенција во интерес на сириската влада.

Претприемачите, од кои некои беа ветерани на руските безбедносни служби, почнаа да основаат корпоративни безбедносни компании во 2000-тите и им обезбедуваа заштита на руските трговски поморски бродови од пиратите во близина на бреговите на Африка.

Покрај други приватни компании кои работеа во Сирија, Вагнер Груп се појави некаде околу 2014 година, кога Русија го поттикна и финансираше бунтот во источна Украина. Еден човек кој беше истакнат прв шеф на компанијата беше поранешен воен разузнавач.


Нашироко се претпоставуваше дека Пригожин е основач на Вагнер Груп со години, но дури во септември 2022 година, месеци по руската инвазија на Украина, тој отворено ја призна сопственоста.

Во Сирија, борците на Вагнер беа веродостојно обвинети за воени злосторства и можни воени злосторства, а неговите борци се појавија и во други земји, како во: Судан и Централноафриканската Република, каде компаниите поврзани со Пригожин добија профитабилни отстапки за ископување на злато и други минерали.

Во септември 2013 година, руските новинари почнаа да истражуваат компанија која била основана на северозападната периферија на Петербург, наречена Агенција за истражување на Интернет, а подоцна наречена „Фабрика за тролови на Русија“. Сопственик, преку деловната мрежа Конкорд бил Пригожин, а бизнисот ангажираше луѓе да креираат огромен број онлајн профили, често за социјални медиуми како Facebook, Twitter и VK, и да објавуваат запаливи коментари или да поставуваат лажни профили.

Во 2018 година, две години откако на американските претседателски избори победи Доналд Трамп, американското Министерството за правда го обвини Пригожин и уште 13 Руси и издаде налог за апсење на Пригожин, обвинувајќи го за заговор за изборна измама.

Иако истражувачите дебатираа за колкаво влијание имаа троловите врз американските гласачи, исходот се сметаше за успех на Пригожин, катапултирајќи го до поголема слава.

Во ноември 2022 година, неколку дена пред американските избори за конгресмени, Пригожин се пофали со своите активности.

„Господа, се мешавме, се мешаме и ќе се мешаме“, рече Пригожин. „Внимателно, прецизно, хируршки и на наш начин, како што знаеме.

Руски генерали и насилство со чекан

Целосната инвазија на Русија во Украина го „ракетира“ Пригожин и неговата група Вагнер до уште поголема важност.

Руските официјални лица и команданти претпоставуваа дека инвазијата, наредена од Путин на 24 февруари 2022 година, ќе резултира со разбивање на украинските сили и брза капитулација од страна на владата во Киев.

Тоа не се случи, и бидејќи длабоките проблеми на руската војска станаа појасни, борците Вагнер на Пригожин почнаа да преземаат позначајна улога на бојното поле. Платениците на Вагнер одиграа клучна улога во опсадата на Мариупол, а потоа и во урбаната војна во Северодонецк, Лисичанск и Бахмут.

Пригожин се сврте и кон регрутирање меѓу затворениците во Русија.

Тој го прифати насилството како средство за спроведување дисциплина или креирање слика на страв. Во ноември 2022 година, видео се појави на канал на Телеграм поврзан со Вагнер. Во него, руски војник кој наводно пребегнал во Украина, но потоа бил повторно заробен од Русија, бил прикажан како убиен со чекан. Пригожин подоцна го одобри чинот.

Но, додека трупите на Вагнер се сметаа, во некои случаи, како поефикасни од редовните руски трупи, платениците на групата претрпеа исклучителни жртви, особено околу градот Бахмут. Западните официјални лица ги наведоа немилосрдните пешадиски бранови војници - од кои многумина беа поранешни затвореници ангажирани од Вагнер - кои беа фрлани на украинските позиции.

Во исто време, Пригожин стана гласен, остар критичар на руските воени команданти, меѓу кои и на Шојгу, навредувајќи го и предизвикувајќи го Путин да свика општа мобилизација. Тој постојано се жалеше дека воените функционери одбиле да ги снабдат неговите војници со соодветна муниција.

Неговото незадоволство беше уште позабележителено со оглед на тоа што пратениците ја криминализираа јавната критика на руските вооружени сили, набргу по започнувањето на инвазијата. Законот, во меѓувреме, беше искористен за затворање на голем број Руси кои протестираа поради војната.

На 20 мај 2023 година, по речиси 10 месеци опсада на Бахмут, руските сили забележаа победа над градот. Путин ја призна улогата на војниците на Вагнер во борбата, иако не по име, и без да го спомене Пригожин.

Од своја страна, Пригожин ја искористи приликата да ги нападне Шојгу и генералот Валери Герасимов, началникот на Генералштабот на Русија.
„Шојгу и Герасимов ја претворија војната во своја лична забава“, рече Пригожин во видеото. „Поради нивните каприци умреа пет пати повеќе момци отколку што требало да умрат. Тие ќе одговараат за своите постапки, кои на руски се нарекуваат злосторства.


Ако тоа беше закана, Пригожин ја оствари само неколку недели подоцна.

На 23 јуни 2023 година, Пригожин ги обвини силите на Министерството за одбрана дека извршиле напади во кои загинаа голем број борци на Вагнер и побара отпуштање на Шојгу.

Следното утро, илјадници вагнерови сили навлегоа во јужниот руски град Ростов-на-Дон, преземајќи ја контролата врз воените објекти пред да напредуваат на север кон Москва во она што Пригожин го нарече „марш на правдата“.

Главниот град беше подготвен за најлошото, распоредувајќи војници, подигајќи барикади и предупредувајќи ги московјаните да останат дома.


За неколку часа, се заврши толку нагло како што започна. Неговите борци, на само 200 километри од главниот град, по наредба на Пригожин, го откажаа напредувањето, по договорот кој очигледно беше посредуван од Белорусија.

Путин најпрво зазеде остар тон, нарекувајќи го бунтот предавство и „нож во грб“ и вети казна за бунтовниците. Но, Кремљ потоа му дозволи на Пригожин да замине во егзил во Белорусија и рече дека неговите борци нема да бидат кривично гонети.

Непосредната криза беше завршена, но Путин, кој долго време се обидуваше да проектира слика на стабилност и контрола, за многу набљудувачи се претвори во ослабена фигура.

XS
SM
MD
LG