„Одам на лице место и го решавам проблемот“, вака објаснува Стојанче Ангелов што прави кога ќе му јават дека во било кој дел од земјата има пожар, големи одрон или последното – појава на мечки во дворовите на жителите на мавровско Жировница.
Во поткастот “Зошто“ ни открива дека не се исполнети условите за прогласување на кризна состојба заради мечките.
„Имав средба со претставници на националниот парк Маврово и ми кажаа дека претходниот период, во 4 наврати, биле направени хајки, но не да се убие животно, туку со пукање на од воздух, со контрола на ренџерите , мечките се исплашени и оддалечени од селото Жировница“.
Го прашавме и дали се замислува дека е Супермен.
„Ниту сум Супермен, ниту се замислувам дека сум Супермен, само сум многу одговорен и не можам да спијам дома мирно, ако знам дека некаде има проблем, не можам само немо да набљудувам“, вели Стојанче Ангелов.
А снимањето видеа од неговите „потфати“ тврди дека имаат само една цел – „Да ја подигнам граѓанската свест“, а не негов Пи-ар.
Ангелов зборува и за проблемите со кои се соочува во системот за справување на кризи. На пример дека, дел од пожарникарите немаат лична заштитна противпожарна униформа, но од друга страна за стариот камион ФАП кој датира од 50-те години од минатиот век, има само пофални зборови.
Иако е државен функционер Стојанче Ангелов отворено и „без влакна на јазикот“ зборува за сите слабости во државата. Како, на пример, партиските вработувања.
„Се што размислува критички, се сече„, вели Стојанче.
Како тој се справува со партиските „војници“ во Центарот за управување на кризи и неговите одговори на сите прашања на Радио Слободна Европа, слушнете ги подолу, во Поткастот “Зошто“:
Со Стојанче Ангелов разговараме и за тоа дека не не му е лесно со градоначалниците, едни од една, други од друга партија, но и како ја оценува подготвеноста на државата да се справи со голема криза.
Слушајте не, следете те не. Ставете слушалки и побарајте го подкастот „Зошто“ на Слободна Европа и Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл подкаст. Едноставно кликнете на „Зошто“ и давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате, а ние ќе ве прашуваме преку нашите социјалните мрежи.