Романците почнаа да се прашуваат која е вистината откако лидерот на екстремно десничарската партија ги изврте зборовите на романскиот премиер Марсел Чолаку кој зборуваше за романската и помошта од другите ЕУ земји за враќањето на илјадници Украинци од Израел.
И додека Романија, исто така членка на НАТО, евакуираше неколку стотици Украинци од ризичниот регион, тоа не се илјадници како што се тврди, а не е ниту на сметка на романските државјани. Букурешт, исто така, не платил за сместување на ниту еден украински државјанин евакуиран во Романија, како што исто така лажно се тврди.
Владите ширум светот се обидуваат да ги евакуираат своите граѓани по смртоносниот напад на Хамас на 7 октомври, кој оттогаш ескалира во поширок конфликт меѓу Израел и Хамас.
Повеќе од 5.000 луѓе се убиени во Израел и Газа. Речиси 12.500 Палестинци се ранети, а над 200 луѓе во Израел се земени како заложници. Потврдено е дека меѓу загинатите во насилството има луѓе од САД, Австралија, Аргентина, Камбоџа, Канада, Непал, Тајланд, Русија, Велика Британија, Украина и Франција и од други места.
Портпаролот на романското Министерство за надворешни работи Раду Филип изјави за РСЕ дека обезбедиле административна поддршка за украинските државјани кои пристигнуваат во Романија од Израел.
Филип рече дека ниту еден романски државјанин во Израел не побарал формално владина помош за да го напуштат Израел, иако 300 во Појасот Газа побарале.
„Во моментов, безбедносната ситуација во Појасот Газа не дозволува нивна евакуација“, изјави Филип за РСЕ.
Околу 2.200 Романци го напуштија Израел од 7 октомври, според РСЕ, враќајќи се со комерцијални авиокомпании со билети уплатени од нивниот личен џеб.
Украинската амбасада во Романија за РСЕ изјави дека 436 украински државјани биле евакуирани од Израел во Романија, во Букурешт и во Клуж-Напока и тоа меѓу 14 и 17 октомври, вклучително и 99 деца.
„Авионот и сите дополнителни трошоци за превоз ги платија патниците“, се вели во соопштението на Украинската амбасада, додавајќи дека романската влада обезбедила административна помош.
„Ние сме благодарни на романската страна за целосната поддршка и помош понудена на евакуираните граѓани на Украина, особено за време на царинењето и пасошката контрола и за пружањето медицинска помош, доколку тоа беше неопходно“, соопшти амбасадата.
Романија дели преку 600 километри граница со Украина, вклучувајќи ги копнените и поморските граници. Заедно со неколку други таканаречени земји на фронтот на ЕУ и НАТО, Романија е клучна алтернативна извозна рута за украински стоки инаку блокирани од руската Црноморска флота.
УНХЦР претходно овој месец соопшти дека повеќе од 85.000 украински бегалци се присутни во Романија, а на 144.000 им е одобрена привремена заштита, која, според регулативите на ЕУ, им дава пристап до домување, здравствена заштита и пазарот на труд. Но, зголемените популистички и десничарски политички сили, вклучително и некои со наклонетост кон Москва, редовно го критикуваа учеството на Романија во западните санкции против Русија заедно со воената и друга поддршка за Украина.
На 17 октомври, Џорџ Симион, лидер на екстремно десничарската Алијанса за обединување на Романија, која освои изненадувачки 9 отсто од гласовите на парламентарните избори во 2020 година, лажно тврдеше дека Романија евакуирала 3.000 Украинци од Израел, но „нема Романци“, во објава на социјалните мрежи која стана вирална.
И покрај тоа што не е јасно што го поттикна гневот, забелешките на Симион дојдоа откако Чиолаку зборуваше за романската Prima News на 16 октомври, кога спомена дека речиси 3.000 Украинци биле евакуирани и дека Романија учествувала во таквите напори заедно со другите земји на ЕУ, нагласувајќи конкретно дека „Романија не потроши пари за ова“.
Симион беше еден од неколкуте екстремно десничарски активисти и водачи кои му упатија груб поздрав на украинскиот претседател Володимир Зеленски кога тој го посети Букурешт на 10 октомври. Наместо говор пред пратениците, кој беше откажан, Зеленски се состана поединечно со пратениците,. Симион го пречека со иронија, велејќи дека „со болка во срцето објавуваме дека храбриот украински претседател Володимир Зеленски нема да дојде денеска во романскиот парламент“.