Чесите на 25 и 26 октомври гласаат на предвремени избори. Претходниот парламент се самораспушти во август годинава по шпионски и корупциски скандал кој доведе до пад на владата на премиерот Петр Нечас.
Изборна кампања во Чешка

1
Џиновски виолетов „среден прст“, скулптура на уметникот Давид Черни на реката Влтава во Прага. Поставена е четири дена пред изборите. Тоа е протест за енденмската корупција на чешкиот претседател Милош Земан, вели Черни.

2
Изборен плакат на лидерот на чешките социјалдемократи Бохуслав Соботка.

3
Обесени кукли во Прага на кои е напишано „Бил против Комунистичката партија“. Слични кукли се појавија во повеќе градови како симбол на егзекутираните луѓе поради политички причини за време на комунистичкиот режим во поранешна Чехословачка.

4