Хемиското оружје во изминативе сто години предизвика огромни страдања. Така беше за време на двете светски војни, но и во Виетнам, Иран, Ирак, а сега и во Сирија. Хемиското оружје е забрането со Женевскиот протокол од 1925 и со Конвенцијата за хемсико оружје од 1992 година.
Сто години хемиско оружје

1
Вежба на британски војници за одбрана од напад со хемиско оружје за време на Првата светска војна.

2
Британски фудбалски тим под заштитни маски за време на Првата светска војна во северна Франција 1916 година.

3
Германски напад со отровен гас на Источниот Фронт за време на Првата светска војна. Фотографијата е направена од руски војник во 1916 година.

4
Британски војници ослепени од напад со отровен гас чекаат на медицински третман во Франција, 1918 година.