Жеравна, Бугарија - Без мобилни телефони и друга технологија, илјадници луѓе танцуваа до долго во ноќта, што финишираше со игри околу огромен оган, на 19-ти август.
Меѓународниот фолк фестивал во Жернава, село во источна Бугарија, се одржува од 2008-ма година, со строги правила.
Фотоапарати и мобилни не е дозволено да се користат на местото каде што се одржува фестивалот, а влезот е дозволен само за оние кои носат традиционални народни носии.
И покрај ограничувањата, или токму поради тоа, овој настан стана еден од најпопуларните летни фестивали на Балканот. Според организаторите, годинава учествувале околу 25.000 луѓе, што е најмногу досега.
Евгениј Чакаров смета дека ова е еден од најдобрите фестивали во Бугарија.
Неговата носија ја подготвувал неколку години и вели дека го чинела околу 2000 долари.
Чакаров е од бугарскиот град Варна, но носеше традиционална македонска народна носија, бидејќи, како што вели, тоа е неговата најомилена национална носија.
Покрај забраната за технологија и храна, на местото на одржжување на фестивалот, забранета е и пластика.
Организаторите на фестивалот велат дека учесниците мора да се подготват за изолација од цивилизацијата во сите три дена и да се свртат кон традиционалните бугарски културни корени.
За време на фестивалот се одржуваат и разни натпреварувања, како на пример за најдобра носија.
Но, врвот на настанот е гигантскиот оган, околу кој се свири и се игра.
Илјадници луѓе носат факели и играат традиционални ора, а на крајот сите завршуваат на големиот оган.
Валентин Василев, кој беше на фестивалот со неговата девојка, изјави за РСЕ дека масовното играње околу оганот е неверојатно.
Држејки се за раце, илјадници непознати луѓе играат околу огнот и се чувствуваш како да си дел од синџир на енергија, кој те враќа назад кон претците, вели Василев.