Достапни линкови

Блуз битка против кичот и турбофолкот


Од што “го фаќа страв„, зошто “пее под сонце студено„, што „не се враќа од она што било“? Го прашуваме Игор Атанасовски – Харе, кој ги пее овие стихови во своите песни. Во овој поткаст „Зошто“ на Радио Слободна Европа разговараме и што е за него патриотизам во денешно време и како се борат заедно со другиот Игор, Џамбазов, против шундот, кичот, турбофолкот и плејбекот.

„Јас сум уморен од зборови, евтини разговори, ме фаќа страв“, пее Игор Атанасовски Харе во една своја песна. Но од што најмногу го фаќа страв?

Бев поттикнат од тоа, кога на социјалните мрежи, луѓе кои ги знаеш се трансформираат во некоја шизофрена инаквост, не знам како да ја наречам, луѓе кои знаеш дека не се такви и одеднаш не можев да ја сфатам таа потреба да се претставуваш како нешто што не си. Мене не ме интересира амбалажата,туку суштината. Како поминува времето, се оди во поинаков правец, се станува толку брзо, толку плитко, од информација, до комуникација... Е од тоа ме фаќа страв, до каде ќе оди тоа.

Игор Атанасовски Харе во поткастот Зошто
Игор Атанасовски Харе во поткастот Зошто

Заедно со Игор Џамбазов публиката ги нарече блуз легенди, а тие самите се прогласија за единствени борци против кичот, шундот, турбофолкот и плејбекот. Игор вели дека им е предизвик да бидат Дон Kихот и да создаваат музика.

Одбиваме да настапиме во плејбек, свириме во живо. Шундот и турбо фолкот не ги сакаме.

Во поткастот Зошто Игор Харе зборува и колку блузот им прави ќеиф на луѓето, но и новата, оргинална, авторска музика. Кликнете на Зошто да ги слушнете одговорите.

Дон Кихот против шундот и кичот
please wait

No media source currently available

0:00 0:20:44 0:00
Директен линк

Блузот за Игор Харе е емоција и искреност. Тој го наоѓа и во македонската фолклорна музика. А патриотизмот тој вака го објаснува:

Патриотизам за мене е да си го фрлам ѓубрето во контјенер, да не плукам на улица, да внимавам кога паркирам да оставам место и за соседот, се уште упорно кажувам „Добар ден, благодарам и повелете иако не ми се возвраќа често. Такви патриоти сме. Тоа е здрав патриотизам. Кога ќе кажам патриот, секогаш мислам на оние наши претци Петре Андреевски, Анте Поповски, Горан Стефановски, Крсте Петков Мисирков, Григор Прличев, како да не бидеш патриот, како да не си го сакаш своето, тие се моите. За таков патриотизам зборувам зашто многу евтино стана ова од дневно-политичка призма.

Во новата година Игор посакува луѓето да се опуштат, да се “скротат“, да бидат покултурни, внимателни кон другите.

„Да не судиме брзо, секој човек бие некоја битка“, вели Игор Атанасовски Харе.

А вие почитувани и во новата година слушајте не, следете те го поткастот Зошто на Слободна Европа. Кликнете на поткаст Зошто и на Спотифај, Јутјуб, Ејпл и Гугл подкаст, а на нашите социјалните мрежи давајте ни идеи и теми кои сакате да ги слушате.

  • 16x9 Image

    Сања Васиќ

    Новинарската кариера ја почнува во весникот „Нова Македонија“ во 1991, а потоа продолжува во телевизија Телма како уредник  и водител во информативната програма каде минува најголем дел од кариерата. Работела и во македонската редакција на Гласот на Америка во Вашингтон, била локален дописник на странски новински агенции, како и предавач и обучувач на медиумски проекти. Во Радио Слободна Европа е од јули 2022.

XS
SM
MD
LG