Десетици илјади луѓе ги наполнија улиците на белоруската престолнина, Минск, на 23 август на митинг против спорниот реизбор на претседателот Алиаксандр Лукашенка, во услови на големо воено присуство во градот и ново предупредување од армијата.
Река луѓе против Лукашенко во Минск

1
Колони жители на Минск одат во центарот на градот, 23.08.2002 година

2
Протестите беа предизвикани од резултатите од изборите на 9 август, кои му дадоа на Лукашенка нешто повеќе од 80 проценти од гласовите, бројка што веднаш предизвика обвинувања за лажно гласање.

3
Демонстрациите станаа најголем предизвик на 26 годишното автократско владеење под Лукашенка. Незадоволството на јавноста со човекот наречен „последниот диктатор во Европа“ е во пораст како резултат контроверзното постапување на претседателот од кризата со коронавирус, што тој го отфрли како „масовна хистерија“.

4
Лукашенко на состанок со полициските и безбедносните служби на 21 август, два дена пред планираната масовна демонстрација во Минск. Тој го опиша бранот протести како дел од „планот за револуција во боја“. Тој, исто така, вети дека ќе преземе „најстроги мерки“ за да ги заштити границите на земјата од, како што рече, странско мешање.