Достапни линкови

Авионите сепак ќе летаат?


Меѓународен аеродром Скопје
Меѓународен аеродром Скопје

Откако раководството на М-НАВ рече дека се согласило да ги прифати барањата на Синдикатот на контролори за летање, Синдикатот уште не решава да го потпише договорот со кој ќе се откаже од штрајкот. Од синдикатот се сомневаат дека Управниот одбор на М-НАВ се обидува да ги манупулира. Доколу штрајкот закажан за 12 октомври, се одржи ќе се наруши работата на скопскиот и охридскиот аеродром.

Штрајот на Синдикатот на контролори за летање останува за четвркот на 12 октомври, вели за Радио Слободна Европа претседателот на Синдикатот Александар Тасевски.

Откако претходно денеска претседателот на Управниот одбор на М-НАВ, Фахрудин Хамиди, рече дека ќе ги исполни барањата на Синдикатот, Тасевски сега вели дека раководството на М-НАВ се обидува да манипилира со она што било договорено и она што требало да се потшише како заеднички споогодба.

„Она што е договорено дека нема вработувања за се што не е контролор на летање, инженер или техничар, се обидуваат со игра на зборуви да го променат и да нема никакво значење тоа што е договорено“, вели Тасевски.

Доколку се случи штрајкот во четврток, ќе бидат запрени прелети над земјава, како и полетувања и слетувања на скопскиот и охридскиот аеродром во периодот од 11 до 17 часот. Ако барањата навистина бидат исполнети, Синдикатот најави дека штрајкот ќе го стави во мирување, но засега договорот, кој се очекуваше денеска, нема да се потпише, како што велат од Синдикатот.

Претседателот на Управниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација М-НАВ, Фахрудин Хамиди, за Радио Слободна Европа денеска претходно изјави дека барањата на Синдикатот ќе бидат исполнети, со тоа што приоритетната листа за оперативно вработување во М-НАВ, Управниот одбор уште во март ја испратил до Владата и до Министерството за финансии.

„Ние сме постапиле, а суштината на работата е дека и оваа година немаме ниту едно не-оперативно вработување, освен едно што се случи пред месец-два. Зборуваме само за оперативни работни места, а делот кој е најбитен за платите го поминавме вчера на Влада - 10 проценти зголемување за сите контролори и инженери и 7 отсто за другиот оперативен и неоперативен кадар“, вели Хамиди.

На 9 октомври Управниот одбор на М-НАВ одржа состанок со Синдикатот на контролори на летање, на кој сите барања на Синдикатот биле ставени во записник. Договорот вклучува подобрување на условите за работа во Контрола на летање, ажурирање на опремата и реформирање на процедурите за избор на персонал.

„Записникот е пред потпишување и ние крајно кажавме дека се е исполниво, и од нивна и од наша страна. Штрајк не треба да има, треба записникот да биде потпишан и да продолжиме со тековната работа“, вели Хамиди.

Од Синдикатот на контролори за летање до попладето на 10 октомври го чекаа финалниот записник за да одлучат дали ќе го потпишат, и сега велат дека раководството на М-НАВ се обидува да ги изманипулира.

Барањата на Синдикатот на контролори за летање се: подобрување на условите за работа во Контрола за летање, застарената опрема да биде заменета со нова и да се воведе „нормална селекција на кадар потребен за вработување“, како што вели претседателот на Синдикатот Александар Тасевски.

„Потребно е да не се измислуваат работни места колку да се вработи некој што ќе им биде јавен по телефон, туку навистина потребата да се покрива со конкурси коишто ќе траат во нормални временски рокови. Начелно е договорено со Управниот одбор да траат 10 работни денови, а не како досегашните три календарски за да можат да се пријават и други луѓе од државата кои можат да го видат огласот и да ја соберат потребната документација и да аплицираат, а по пат на селекција да биде избран навистина најдобрите“, вели Тасевски.

Како што раскажува Тасевски, претходно практиката била во Контрола за летање да бидат вработувани партиски и роднински кадри кои добиле работа за други работни места, за кои не биле барани силни квалификации, како портири или советници. Потоа луѓето примени на овие позиции биле прераспределени на работни места во Контрола за летање.

Во моментов во Контрола за летање недостасува оперативен кадар како контролори за летање и инженери и техничари во службата за техника, кои го сервисираат системот којшто во моментов е застарен, според Синдикатот, но кои треба да работат на инсталирање на донесениот нов систем што треба да биде имплементиран во текот на следната година, а доцни скоро десет години.

Потребни се најмалку 30 контролори на летање, како и 10 до 15 инженери и техничари – места кои во моментов се пополнети со кадри, како на пример советници на советници, вели Тасевски.

Опремата во Контрола за летање на Меѓународниот аеродром „Скопје“ која во моментов се користи е инсталирана во 1999 година, а вообичаено опремата се менува на секои седум години.

Тасевски вели дека опремата не е променета скоро 25 години бидејќи структурите кои се менуваат на власт секогаш наоѓаат некакви причини да не ја реализираат промената на опремата.

Опасноста од застарена опрема е што шансите да се расипе се многу поголеми, но исто така за застарена опрема нема резервни делови кои треба да бидат набавени и променети доколку се случи некаков дефект, додава тој.

Во таков случај, скопскиот аеродром нема да може опслужува прелети, полетувања и слетувања.

Доколку започне со штрајк, Синдикатот на контролори за летање планира секој четврток да штрајкува од 11 до 17 часот. Со тоа би се намалиле прелетите, полетувањата и слетувањата за 50 проценти од бројот кој што аеродромите во земјава можат во моментов да го опслужат. Тоа се двата аеродрома, Меѓународниот аеродром „Скопје“ и Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид.

Доколку се реализира штрајкот, ќе има доцнење и нереализирање на летови и префрлање на патници на други аеродроми.

XS
SM
MD
LG