Достапни линкови

Полноќ на аеродромот Отопени по влезот на Романија во Шенген

Почнувајќи од 31 март 2024 година, Романците кои патуваат со авион до и од земјите од Шенген, повеќе нема да бидат предмет на контрола на граничната полиција. За децата, пак, ќе бидат потребни валидни патни документи и родителска согласност.

Од 31 март 2024 година, Романците кои патуваат со авион до и од земјите од Шенген, како и Бугарите, повеќе нема да бидат под контрола на Граничната полиција. За децата, пак, ќе бидат потребни валидни патни документи и родителска согласност.

Од оваа недела, 31 март, оние кои со авион или брод одат до или од шенген-земјите се ослободени од стресот: контрола на документи на граница.

Недела е денот кога Романија и Бугарија влегуваат во Шенген зоната, по воздушен (таканаречен воздушен Шенген) и по морски пат.

Оттогаш, Министерството за надворешни работи почна да издава шенген визи за странски државјани (надвор од ЕУ, Европската економска зона или Швајцарија).

Шенгенскиот ефект особено ќе се почувствува на 17-те цивилни аеродроми во Романија, кои во 2023 година имале речиси 25 милиони патници.

Над 70 отсто од летовите ќе бидат за останатите 27 земји од Шенген зоната, проценуваат претставниците на аеродромот.


Вчитај повеќе

Категории

XS
SM
MD
LG